Google Maps е можеби најдоброто место за наоѓање географски информации. Сепак, додека ја истражувате планетата, сигурно ќе налетате на многу бизарни работи. Погледнете ги 14-те најконтроверзни работи кои биле забележани од обични корисници. Некои од овие работи се објаснети, но некои сè уште се завиени во мистерија.rn
1. Логото на Кока-кола на планина
rn
rnrnНајголемото лого на Кока-кола било конструирано на една планина во близина на градот Арика, Чиле. Логото било направено со цел да се прослави 100-тиот роденден на компанијата во 1986 година, а било создадено од 70.000 празни шишиња од овој пијалак.rn
2. Мистериозна пирамида на Антарктикот
rn
rnrnПрашањето дали станува збор за структура од некоја древна цивилизација скриена во снегот е сè уште тема на дебатирање. Многу луѓе се убедени дека ова е вистина и дека оваа мистериозна пирамида е останата од легендарната Атлантида.rn
3. Брод помеѓу облакодерите
rn
rnrnОваа зграда е трговски центар во Хонгконг. Изгледа неверојатно навечер кога се вклучени сите светилки.rn
4. Џиновски отпечаток од нога
rn
rnrnОвој необичен лавиринт кој наликува на отпечаток од нога од некој џин е лоциран во мало село во близина на Хемпшир. Ова е најдолгиот лавиринт во Англија.rn
5. Гуливер врзан на покрив
rn
rnrnЕдно од најчудните игралишта за деца се наоѓа во Валенсија, Шпанија. Со многубројни лизгалки, тајни премини и огромна клупа за родителите, структурата изгледа како забавен парк.rn
6. Одмазда на соседот
rn
rnrnДуелот помеѓу соседите започнал во 2009 година. Едниот од нив добил неверојатна идеја, изорал „ahole“ (шупак) на неговата нива со стрелка која покажува кон куќата на соседот.rn
7. Мачка вонземјанин
rn
rnrnОвој геоглиф е стар речиси 9.000 години. Според една приказна, ова е света мачка која дошла од друг свет. Лоцирана е во најсувата пустина во светот, Атакама, во која нема заврнато со векови.rnrnПродолжува на следната страница…rn