Животот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа

Животот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа

Кога мислите дека не вредите, кога мислите дека сте никој и ништо, токму така, тоа само го мислите…

Животот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа.

zhivotot-e-gradina-a-vie-ste-najubaviot-cvet-vo-nea-kafepauza.mk

Во градината има разновидни цвеќиња, ги има во секакви бои, секакви видови, има и плевел, има трње, има мали цветчиња, има исушени стебленца, полна градина со опојни цветни мириси наречена Живот.

Додека цветате сигурно многупати се запрашувате: Вреди ли да цветам покрај овие трње и овој плевел околу мене? Вреди ли да цветам и да мирисам толку убаво ако никој не ме забележува, а и онака има безброј други цвеќиња околу мене? Зошто да се трудам да расцветам кога со мојот најубав цвет можам да го загубам животот, некој да ме згази, да ме набере или сушата да ме исуши до корен?

На сиве овие прашања најубавата градина Живот ќе ви одговори:

„ДА ВРЕДИ! Јас не би постоела ако не постои природата односно Бог. Ти цвету, можеш со секој зрак од Сонцето сѐ повеќе да растеш, да цветаш и да раѓаш мали цветчиња. Секогаш ќе има капки дожд кои ќе капнат во твоја корист, а ако си упорен можеби ќе има и градинар кои ќе ти се восхитува и ќе те одгледува. Најлошото што може да ти се случи е случаен минувач да се заслепи од твојата убавина и да те набере, па од тебе и од уште многу други шарени цвеќиња да направи прекрасен букет. Но, сам себеси можеш да си напакостиш ако не се освестиш за својата вредност и сам од корен се исушиш. Трње и плевел секогаш ќе има, а ако во сè гледаме добро ќе можеме да забележиме дека и тие имаат своја убавина, многу често се и лек, иако тоа по никоја цена нема да си го признаеме. Напротив, сакаме тие да исчезнат и молиме Бога градинарот да ги откорне или сушата да ги пресуши.“

Постојат цветови кои и покрај својата убавина, не можат да се засакаат себеси, а истовремено не се свесни дека иако мислат дека никој не ги забележува, секогаш постои можност пчела или пеперутка да слета на нив.

Бидете цвет кои ќе плени во градината наречена Живот, бидете пример за најубавиот цвет и расцветајте над сите трње, цветајте и по цена да бидете набрани заради својата убавина. Додека вие цветате и градината ќе блеска.

Нека Светот ве памети по убавината. Пуштете длабоки корени кои ќе останат во иднина. Додека има цветови ќе има и прекрасна градина.

Природата секогаш нè поддржува и ни шепоти:

„Колку повеќе имаш желба за цветање, толку повеќе јас ќе те наградувам со капки дожд и сончеви зраци да те греат, но доколку и покрај твојата цел и убавина во оваа градина ти одбираш да бидеш незабележан цвет, тогаш повторно ќе ја почитувам твојата слободна волја да се изгубиш помеѓу плевелот и трњето. Тебе ти е токму овде местото на цветање, а ти сам одбери дали ќе расцветаш во најубав раскошен цвет или ќе дозволиш трњето да те загушат.“

Цветајте, цветајте бидејќи тоа е и причината поради која и постоите. Цветајте без стравови дека не сте забележани, без стравови дека ќе бидете набрани. Само со вашето постоење вие веќе ја разубавувате градината.

Кристина Николовска Шебаљ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар