Најчудните барања во тестаментите на познатите личности

Сподели

За повеќето луѓе најважното нешто во врска со тестаментите е да одредат колкав дел од нивниот имот ќе заврши кај разни членови од семејството или пријателите. Но кај многу познати личности во овој документ биле вклучени и неколку необични барања.rn

Реклама

1. Вилијам Шекспир

rnВо тестаментот на познатиот писател имало барање дека по неговата смрт, неговата сопруга би требало да го добие вториот најудобен кревет од неговиот дом. Неговиот најудобен кревет не го оставил никому.rn

2. Чарлс Дикенс

rnКога станува збор за наследување имот, тестаментот на Чарлс Дикенс не се разликува многу од останатите документи од овој вид. Но, тој имал многу специфични барања во однос на изгледот на ужалените на неговиот погреб. Тој напишал дека луѓето кои носеле марами, црни машни и наметки не смееле да присуствуваат на погребот.rn

3. Наполеон

rnПознатиот француски владетел барал по неговата смрт да му ја избричат главата, а косата да ја раздадат на неговите најдобри пријатели.rn

4. Филип Симор Хофман

rnПознатиот актер не сакал да ги разгали своите деца, па целиот свој имот ѝ го оставил на неговата девојка. Исто така сакал неговиот син Купер да биде одгледан во три града – Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.rn

5. Мерлин Монро

rnКога го пишувала својот тестамент, Мерлин Монро одлучила да не му остави ништо на нејзиното семејство. Наместо тоа целиот нејзин имот завршил кај Лиј Стразберг, нејзиниот учител по глума.rn

6. Џенис Џоплин

rnПопуларната пејачка не сакала луѓето да си одат тажни по нејзиниот погреб. Поради тоа во тестаментот одвоила 2.000 евра за организирање целовечерна забава во нејзиниот омилен паб по завршувањето на погребот.rn

7. Александар Меквин

rnМодниот дизајнер поголемиот дел од своето богатство го донирал во хуманитарни организации. Околу 70.000 евра биле одвоени за погребување на неговите кучиња.rn

8. Џорџ Бернард Шо

rnПоследната желба на познатиот драмски писател била неговите преостанати пари да се искористат за финансирање на развој на ново писмо кое треба да биде фонетско и да има вкупно 40 букви.

Знаевте ли дека некои познати личности заработуваат и по нивната смрт?

Популарно

Може ќе ве интересира