Есенцијалното масло од маточина се користело како природен лек со векови. Тоа помага во борбата со несоница, мигрена, анксиозност и уште многу други проблеми. Истражувањата покажале дека ова масло може дури да ги намали и симптомите на деменција. Погледнете некои од придобивките од маслото од маточина.rnrn
rn
1. Ги спречува воспаленијата
rnИстражувањата покажале дека ова есенцијално масло ги лекува болестите поврзани со воспаление и болка. Можете да го консумирате орално или да го нанесете на проблематичното место со што ќе ја намалите болката или отоците.rn
2. Го намалува крвниот притисок
rnОва масло го намалува високиот крвен притисок. Според едно медицинско истражување, постои поврзаност помеѓу маслото и електрокардиографските промени. Овој тест ги забележува проблемите со електричната активност на срцето.rn
3. Ги намалува симптомите на Алцхајмер
rnВо ова истражување, научниците користеле плацебо ефект за да ги одредат ефектите на маслото од маточина кај луѓето кои страдаат од деменција. Тие откриле дека симптомите биле намалени кај 60% од корисниците на маслото и 14% кај луѓето кои биле третирани со плацебо.rn
4. Спречува и третира инфекции
rnОва масло ефективно ги отстранува бактериските инфекции. Тоа дури покажало поголема антибактериска активност кај вакви инфекции од маслото од лаванда, вклучувајќи ја и кандидата.rn
5. Го лекува херпесот и други вируси
rnЧесто се користи и за настинки. Има случаи во кои маслото од маточина речиси целосно го отстранило херпесот од тип 1 и 2.rn
6. Го подобрува здравјето на кожата
rnОва масло може да се користи за разни проблеми со кожата, како акни, егзема, рани, но и за габични инфекции.rn
7. Го подобрува расположението
rnСилните антидепресивни својства на ова масло помагаат во борбата со депресија, го подобруваат расположението и помагаат во одржување на емоционалната рамнотежа.rn
8. Го ублажува ПМС-от
rnВо едно истражување, жените кои дневно земале 1.200 милиграми од маслото забележале значително намалување на предменструалните симптоми.rnrnМаслото од маточина можете да го најдете во аптеките, но секогаш барајте да биде 100% чисто. Можете да го консумирате орално, или да го нанесете на проблематичното место. За орална употреба, почнете со мала доза, 1 или 2 капки на ден. За деменција консумирајте го орално, а за депресија можете да го консумирате орално или да го нанесете на ушите, зглобовите на рацете, и на задниот дел од вратот. Се разбира, пред да почнете со каков било третман, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.rnrnИако се познати по своите придобивки, сепак има ситуации во кои не треба да користите есенцијални масла.