7 болести кои може да ви ги пренесат вашите домашни миленици
Домашните миленици може да ви пружат огромна љубов, но секој сопственик на куче, мачка или некое друго животно мора да биде свесен дека постојат и заразни болести кои милениците може да му ги пренесат на човекот. Адекватната хигиена и грижа за домашните миленици е најдобриот начин за превенција. Како да се грижите за здравјето на вашите домашни миленици и како да ги препознаете симптомите на болестите кои тие може да ви ги пренесат ви откриваме денес.
1. Салмонела
Иако обично се мисли дека оваа болест можеме да ја добиеме само од недоволно обработеното термичко јадење, малку луѓе знаат дека исто така може да се добие и од животните кои се наоѓаат во домот. Салмонелата е тип бактерија која живее во дигестивниот систем. Животните може да се заразат со неа, а притоа да изгледаат здраво и да се однесуваат вообичаено. Сепак, заразеното животно ќе ја пренесе бактеријата по фекален пат. Патем, може да ги зарази и останатите делови од своето тело, на пример влакната, па така може да се зарази и личноста која е во контакт со него. Ако не ги измиете рацете после контактот со заразеното животно, многу лесно може да се заразите и вие. За да го намалете ризикот за заразување, темелно мијте ги рацете.
2. Лишаи на кожата (ringworm)
Лишаите на кожата се најчеста габична болест кај поголемиот дел од луѓето. Инфекцијата можете да ја добите, на пример во базените, но и од заразените животни. За навремено да воочите лишај, побарајте правилен црвен круг со потемен надворешен раб. Ова е често проследено со силно чешање, а може да се создадат и мали меурчиња. Се шири преку заразеното животно и преку заразени предмети. Лишаите кои се создаваат изгледаат како црвено кружно подрачје без влакна во просек од 1 до 4 сантиметри. Лечењето е доста долготрајно, а ако не се лекува, болеста напредува.
3. Лајмска болест (борелиоза)
Многу лесно можете да се заразите со лајмска болест од крлежите кои се закачиле за вашиот домашен миленик. Животните најчесто ги добиваат додека си играат или се шетаат на отворено подрачје, како што е на пример шумата или паркот и тие може подолго време да се кријат на телото на вашиот миленик. Ако се заразите со лајмска болест, можеби ќе почувствувате некои од симптомите или пак воопшто нема. Но, ако сепак наидете на сомнителен осип на кожата, добивате температура и чувствувате болка во мускулите, веднаш побарајте помош од доктор. За да се заштитите, избегнувајте да ги водите домашните миленици во високи и густи треви, особено во пролет и лето. После игрите на отворено проверувајте дали вашиот миленик има крлеж, а истото правете го и кај себе.
4. Токсоплазмоза
До оваа болест доаѓа кога луѓето ќе се заразат со микроскопски паразит кој е вообичаен помеѓу животните, особено помеѓу мачките. Болеста може да предизвика симптоми на блага настинка, но може да има многу поголеми компликации ако се зарази бремена жена. За спречување на инфекцијата важна е хигиената на рацете и просторот. Личностите кои претходно биле во контакт со мачките кои биле заразени од оваа болест се поотпорни на оваа зараза, бидејќи поседуваат антитела во крвта. Чистете го редовно песокот на вашата мачка и притоа користете ракавици. Избегнувајте директен контакт со животинскиот измет, а бремените жени би требало целосно да го избегнуваат чистењето на тоалетот на мачката.
5. Беснило
Кога зборуваме за заразните болести кои може да ви ги пренесат животните, не можеме да го изоставиме беснилото. Станува збор за вирус кој го инфицира централниот нервен систем. За да го спречите беснилото, редовно вакцинирајте ги вашите миленици и избегнувајте средба со диви животни. Беснилото е смртоносно за човекот и животните. Со оглед на неговата опасност по животот на човекот и животните, доколку се воспостави сомнеж за беснило, тогаш се пристапува кон еутаназија на животното.
6. Хелминтијаза
Можеби не сте ниту свесни, но можете да добиете црви од вашите миленици. Тие црви живеат во дигестивниот систем како паразити, а вие можете да се заразите доколку дојдете во контакт со столицата на заразеното животно. Многупати животните ги заразуваат луѓето кои надвор одат боси. Црвот може да ви се вовлече во кожата и тоа незабележливо. Може да се спречи со редовна дехелминтизација на домашните миленици, односно со таблети против глисти и тении. Обично се манифестираат симптоми од страна на системот за варење (проливи, повраќање).
7. Болест на мачкино гребење
Дури околу 40% од мачките ја носат бактеријата која ја предизвикува оваа инфекција. Станува збор за болест која спаѓа во родот рикеција и паразитира на црвените крвни клетки (ертитроцити). На тој начин ги уништува црвените крвни клетки, што пак доведува до анемија. Луѓето може да се заразат доколку мачката ги гризне, изгребе или им излиже некоја отворена рана. Најчесто се заразуваат децата заради поголемата изложеност на гребењето на мачите додека си играат. Кај децата болеста се манифестира со високи температури, зголемени лимфни јазли (симптоми слични како настинката). Понекогаш откако вашата мачка ќе ве изгребе, раната може да отече и да стане црвена. Со тоа можете да почувствувате симптоми на блага настинка, но болеста може да делува и многу посериозно. Се лекува со антибиотик. За да ја спречите инфекцијата, внимавајте додека си играте со вашата мачка за да не ве изгребе или гризне. Ако забележите било каква помала гребаница која се појавила после дружењето со вашата мачка, веднаш измијте ја со топла вода и сапун.
Кога сме кај домашните миленици, погледнете како тие ви помагаат да живеете подобар и посреќен живот.
Totalno glupav i nepotreben tekst. Razbiram deka mozebi nemate nikakva inspiracija ama posledno nesto sto mu treba na ovoj prost i paranoicen narod e vakva besmislica.