Дали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?

Дали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?

Постојано слушаме дека секој наш оброк мора да содржи протеини за да биде доволно хранлив. Освен тоа, доколку сте гладни, протеините најбрзо можат да ве заситат. Најголемиот предизвик со којшто се соочуваат вегетаријанците и веганите е да ги внесат потребните протеини. Но, експертите советуваат дека време е да намалите со ваквата исхрана.

Дали сте знаеле дека најверојатно внесувате премногу протеини?

Имено, според најновите истражувања, најверојатно внесувате 2 пати повеќе протеини одошто ви требаат за еден ден. Дали знаете која е препорачаната дневна количина? Таа изнесува 46 грама, иако просечните луѓе внесуваат околу 100 грама за 24 часа. Дури и оние кои најмногу се придржуваат до вегетаријанската и веганската исхрана внесуваат од 60 до 80 грама протеини дневно.

Тоа се должи на големиот број грицки што се полни со протеини, енергетските чоколади со мусли и големите порции во рестораните. Не е страшно ако внесувате поголема доза одвреме-навреме, но ако ставате протеински прав во вашите оброци и потоа пиете протеински шејкови, треба да знаете дека тоа може да се одрази на вашето здравје, како на пример да го зголеми ризикот од оштетување на бубрезите.

Заклучокот од сето ова е дека не треба да се грижите околу тоа дали внесувате доволно протеини. Најверојатно внесувате повеќе одошто треба, така што слободно заменете го енергетскиот бар со јаболко.

За да бидете сигурни дека се храните правилно, прочитајте ги следниве 7 знаци дека не внесувате доволно протеини во вашиот организам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар