Девојки, без паника: Што да направите ако сте заборавиле да испиете контрацепциска таблета?

Девојки, без паника: Што да направите ако сте заборавиле да испиете контрацепциска таблета?

Правилата за користење контрацепциска терапија се многу едноставни. Треба да пиете по една таблета секој ден во исто време во период од три недели, па да направите пауза од 7 дена. Постапката е кристално јасна, се согласувате? И покрај тоа, животните обврски понекогаш можат да ја нарушат таа рутина и да заборавите да испиете таблета. На тој начин се нарушува целиот процес на заштита од несакана бременост. Ако некогаш се најдете во таква ситуација, не грижете се, бидејќи постојат неколку едноставни правила што би можеле да ви помогнат.

Девојки, без паника: Што да направите ако сте заборавиле да испиете контрацепциска таблета?

Истражувањата покажале дека жените најчесто забораваат да испијат контрацепциска таблета во текот на викендот кога нивните неделни рутини се нарушени и тогаш доаѓа до проблем, па се поставува следново прашање: Што треба да направите ако заборавите да испиете контрацепциска таблета?

Треба да знаете дека од големо значење е тоа во која недела од терапијата сте заборавиле да земете една или повеќе таблети. Најголем ризик од бременост се јавува кога сте заборавиле да испиете таблета во првата недела по паузата. Ако доцнењето не е подолго од 12 часа, ризикот речиси не постои.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СТЕ ЗАБОРАВИЛЕ ДА ИСПИЕТЕ…

Една контрацепциска таблета

Ако сте пропуштиле само една таблета или сте задоцниле еден ден, со новата серија таблети во новиот менструален циклус сѐ уште сте заштитени од несакана бременост.

  • Веднаш испијте ја таблетата што сте ја пропуштиле без разлика дали ќе испиете 2 истиот ден.
  • Остатокот од таблетите продолжете да ги пиете во вообичаениот редослед.
  • Кога ќе завршите со серијата таблети, како и досега направете пауза од 7 дена.

Две или повеќе контрацепциски таблети

Ако сте заборавиле да испиете повеќе од една таблета или сте влегле во новиот циклус со задоцнување од 2 или повеќе дена, ризикот од несакана бременост е значително зголемен.

  • Веднаш испијте ја таблетата што сте ја пропуштиле без разлика дали ќе испиете 2 истиот ден.
  • Не надоместувајте за повеќе од една дополнителна таблета дневно. Занемарете ги останатите и прескокнете ги.
  • Остатокот од таблетите продолжете да ги консумирате во вообичаениот редослед.
  • Следните 7 дена, користете дополнителна заштита за време на сексуалните односи.

Докторите советуваат дека жените кои често забораваат да испијат таблета треба да користат хормонална контрацепција во форма на кожна налепница (се менува еднаш неделно) или вагинален прстен кој се внесува во матката и ослободува хормони во период од 3 недели, а потоа следува 7-дневна пауза.

Прочитајте ги и овие методи на контрацепција и заштита од несакана бременост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар