10 начини да го подобрите вашето ментално здравје

10 начини да го подобрите вашето ментално здравје

Кога станува збор за здравјето, физичкото и менталното здравје не се наоѓаат на исто место, бидејќи секогаш сметаме дека физичкото е поважно. Но, вистината е дека и менталното здравје е подеднакво важно. Доколку физички сте совршено здрави, но го занемарувате менталното здравје, последиците можат да бидат опасни. Па затоа, погледнете ги овие 10 начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје.

kako-da-go-podobrite-vasheto-mentalno-zdravje-kafepauza.mk

1. Немојте да бидете строги кон себе

За повеќето од нас е сосема нормално да се „искараме“ дури и за најситните грешки. Иако оваа особина понекогаш е добра, важно е приоритет да ви бидат работите кои ги сакате и да бидете понежни со себе. Развијте емпатија кон себе користејќи разни техники, како на пример јогата.

2. Грижете се за физичкото здравје

Во здраво тело, здрав дух. Физичкото и менталното здравје се поврзани и важно е да се грижите и за двете за да создадете рамнотежа. За да го подобрите менталното здравје, важно е физички да бидете во добра состојба. Легнувајте си порано, јадете здрава храна, избегнувајте алкохол и цигари… ова се само некои од работите кои ќе ви помогнат.

3. Имајте добро друштво

Некои луѓе имаат активен социјален живот, додека другите не можат секогаш да ги одржат контактите со семејството и со пријателите. Обидете се да се опкружите со луѓе кои имаат позитивно влијание на вас, луѓе кои ќе ве мотивираат и кои ќе ви помагаат.

4. Помагајте

Нудењето помош, но не само парична, туку и одвојување време за таа услуга, и вам ќе ви биде од корист. Ова ќе направи да се чувствувате добро бидејќи сте волонтирале и сте работеле за нешто поголемо од вас.

5. Справете се со стресот

Речиси никој не знае како да се справи со стресот, кој пак докажано создава проблеми со физичкото и менталното здравје. Почнете со вежби и техники за ослободување од стресот кои ќе ви помогнат да останете смирени.

6. Замолчете го умот

Работата на мозокот е да мисли, и тој го прави токму тоа. Но, понекогаш мислиме премногу без разлика дали има потреба од тоа. Научете да ги контролирате мислите и не дозволувајте да владеат со вас. Анализирањето на ситуацијата пред да паничите ќе ви помогне да го спречите претераното размислување. Медитацијата е одличен начин да го смирите вашиот ум.

7. Оценете го вашето работно место

Работното место има огромна улога во менталното здравје. Се покажало дека некои работни места (доктори, продавачи и слично) се повеќе изложени на стрес, а ова пак може да предизвика депресија. Оценете дали вашиот стрес потекнува од работното место и направете нешто за да го промените тоа.

8. Избегајте од канџите на алкохолот и лекарствата

Многумина веруваат дека алкохолот и лекарствата може да се користат како привремени методи за намалување на стресот. Но, штом ќе стекнете навика, ќе ви биде тешко да се откажете. Веднаш отстранете ги овие работи од вашата листа на „помошници“ за справување со стресот.

9. Не следете ги стереотипните рутини

Ако вашиот распоред секогаш е ист и не ви дозволува да одвоите време за себе, веднаш променете го. Менувањето на вашата рутина и додавање повеќе забавни елементи во неа ќе ви помогне да останете среќи.

10. Побарајте помош

Читање книги за оваа намена и барање совети од луѓе и експерти нема да ве направи слаби. Наместо тоа, ќе ви помогне да сфатите што ви е потребно и никогаш не треба да се двоумите за да побарате помош. Менталните проблеми не се нешто од коешто треба да ви е срам.

Погледнете и со кои работи ги уништувате вашето расположение и психа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар