Науката вели дека зборувањето сам со себе воопшто не е чудно
Дали ви се има случено сами да се искарате, или пак да си одржите инспиративен говор? Ако одговорот е да, не треба да ви е срам да признаете. Според едно ново истражување, зборувањето сам со себе воопшто не е чудно, туку всушност е добро за вас.
Истражување направено во Универзитетот во Мичиген открило дека зборувањето со себе во трето лице има исцелувачки ефект на мозокот, а може и да ви помогне да си ги средите мислите и емоциите кога се чувствувате „изгубено“.
Џејсон Мосер, професор по психологија на Универзитетот, изјавил:
„Ние сметаме дека кога си се обраќате на себе во трето лице, вие мислите за себе како што мислите за другите. Ова им помага на луѓето да добијат мала психолошка дистанца од нивното искуство, кое пак многу често е корисно за регулирање на емоциите.“
Зборувањето сами со себе ќе ве натера да се чувствувате како да сте си пријател
Целото истражување вклучувало два експерименти. Во првиот, испитаниците биле замолени да гледаат неутрални и вознемирувачки фотографии и да реагираат на нив во прво и во трето лице. Додека го правеле ова, истражувачите ја надгледувале нивната мозочна активност. Додека реагирале на вознемирувачките фотографии од перспектива на трето лице, мозочната активност за емоции на испитаниците се намалила многу брзо (за 1 секунда).
Во вториот експеримент, испитаниците раскажувале болни минати искуства, користејќи јазик во прво и во трето лице. Нивната мозочна активност повторно била надгледувана. Резултатите покажале дека кога испитаниците раскажувале во трето лице, мозокот покажал помала активност во делот кој е поврзан со болна емоционална рефлексија.
Овој метод може да биде одличен за регулирање на емоциите
Истражувањето покажало и дека не е потребна дополнителна мозочна активност за да разговарате со себе во трето лице. Значи, овој метод е многу лесен. Ослободете се од кои било чудни и неубави чувства со разговор во трето лице. Вие сте доволно храбри и свесни да преземете контрола над вашите емоции и да ги насочите кон нешто што му годи на вашето ментално здравје.
Доколку денес не се чувствувате мотивирани, прочитајте ги овие цитати кои ќе ве насмеат и ќе ве инспирираат.