Девојки, внимавајте: Момците го формираат нивното мислење за вас според 4 клучни работи

Девојки, внимавајте: Момците го формираат нивното мислење за вас според 4 клучни работи

Девојките честопати се прашуваат што мислат момците за нив, бидејќи сите знаеме дека мажите помалку зборуваат и поретко ги искажуваат нивните емоции. Доколку мислите на вашата симпатија ви се комплетна мистерија, не очајувајте, бидејќи можете да дознаете како момците го формираат нивното мислење за вас. За да оставите добар впечаток кај дечкото кој ви се допаѓа, внимавајте на следниве 4 работи…

Девојки, внимавајте: Момците го формираат нивното мислење за вас според 4 клучни работи

1. Колку време поминувате на телефонот

Доколку сте излегле на љубовен состанок, а цело време ви ѕвони телефонот и ви стигнуваат пораки, момците ќе добијат впечаток дека не ви се доволно важни и дека повеќе ве интересира што се случува на социјалните мрежи. Освен ако не станува збор за нешто итно, оставете го телефонот во чантата и сконцентрирајте се на разговорот. Во спротивно, вашите симпатии ќе побегнат што е можно подалеку од вас.

2. Дали имате смисла за хумор и дали ги разбирате неговите шеги

Машкото его расте кога девојките се смеат на нивните шеги и ја разбираат нивната смисла за хумор. Но, исто како што момците можат да ја препознаат вашата рамнодушност за анегдотата што ви ја раскажале, така ќе го препознаат и вашето лажно смеење. Мажите не ги сакаат девојките кои не ги разбираат нивните шеги, но не ги интересираат ни оние кои се кикотат на секој нивен збор.

3. Какви се вашите пријатели и каков е вашиот однос со нив

Можете да се обидете да го подобрите вашиот изглед, однесување и начин на говор, но не можете да ги промените вашите пријатели. Кога ќе го поканите да излезе со вашите пријатели, тој ќе го анализира вашето друштво како целина. Тој ќе обрне внимание на сите лоши и добри работи што вашите другари ги прават или кажуваат. Ако вашето друштво постојано озборува или се опијанува во дискотеки, можеби подобро е да го држите подалеку од вашиот круг на пријатели, барем некое време.

4. Колку пиете

Не е толку важно дали ќе нарачате вино, пиво, коктел или нешто безалкохолно, туку поважно е дали ќе претерате со пиењето и дали ќе паднете од стол пред да заврши состанокот. Момците сакаат да ја чујат причината за изборот на вашиот омилен пијалак. Тој ќе го цени фактот што знаете што сакате и зошто го сакате токму тоа. На тој начин ќе му покажете дека размислувате со своја глава и не дозволувате ништо да ве поколеба.

Прочитајте ги и следниве совети за прв успешен состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар