10 евангелија кои нема да ги најдете во Библијата
Христијанската Библија содржи 4 книги наречени евангелија. Овие текстови го раскажуваат животот на Исус од почетокот на неговата служба, до неговата смрт. Повеќето од овие приказни се многу познати и речиси секој Христијанин знае барем неколку настани од нив. Сепак, постојат и евангелија кои не се нашле во Библијата. Оваа листа ги содржи најинтересните кои биле напишани од древни Христијани, но не се нашле во крајната верзија.
1. Евангелие според Евионитите
Раното Христијанство имало многу секти од кои повеќето не траеле повеќе од 100 години. Евионитите биле ваква секта која постоела од вториот до четвртиот век. Тие имале многу еврејски традиции и не се согласувале со фундаменталните аспекти на христијанската филозофија. Повеќето Христијани го сметале Бог за дел од Светото тројство, но оваа секта не се согласувале. Тие сметале дека Исус не е Бог, туку само човечки месија. Поради ова, нивното евангелие е одбиено. Иако целиот текст е изгубен, постојат неколку делови кои се цитирани во дела на критичари.
2. Евангелие според Назарените
Назарените биле уште една христијанска секта. Тие се именувале по Назарет, местото од каде што потекнува Исус. Се верува дека нивното евангелие е напишано во вториот век, како повеќето евангелија на оваа листа. И оваa секта ги негувала еврејските традиции и закони. Интересно е што ова евангелие е напишано на арамејски јазик, јазикот на кој говорел Исус. Евангелието е одбиено поради слични причини како и на Евионитите, а покрај тоа многу малку луѓе го зборувале јазикот бидејќи Грчкиот веќе станал официјален јазик на Христијанството. Денес постојат само мали делови од евангелието.
3. Евангелие според Филип
Како четирите евангелија во Библијата, и ова се смета дека е напишано од еден од следбениците на Исус. Иако е слично со оние во Библијата, во ова евангелие авторот ги претставува ритуалите како алегорија наместо како вистински ритуали. Ова е можеби најкомплексното евангелие на оваа листа. Одбиено е поради неколку причини. Прво, филозофијата била многу поразлична од онаа на која Христијаните била навикнати. Дел од евангелието не ни звучело христијанско туку како да е дел од некоја древна религија. За среќа на љубопитните, голем дел од овој текст е зачуван и може да биде прочитан и проучуван и денес.
4. Евангелие на вистината
Евангелието на вистината веројатно е напишано во вториот век од древен христијански филозоф по име Валентиј. Чудното име на книгата укажува на тоа дека била напишана за да ги поправи идеите во другите евангелија. Сепак, оваа книга не е вистинско евангелие, таа не го содржи животот на Исус или пак, неговите дела. Наместо тоа, напишано е како теолошки текст. Брзо откако било напишано, евангелието било обележано како еретичко. Денес текстот е достапен речиси во целост.
5. Евангелие на Спасителот
Ова е едно од неодамна откриените евангелија. Во 1997 година, американски научници пребарувале во архивите во еден музеј во Берлин. Она што го нашле помеѓу древните записи било досега невидено евангелие. Поголемиот дел од текстот бил оштетен, но имало доволно за да се добие идеја како изгледала книгата. Како и оние во Библијата, така и ова евангелие ја раскажува приказната на Исус само што деталите се различни. Исус ги прави истите дела, но на различно место и во различно време. Текстот веројатно е напишан во вториот век, но тешко е да се одреди бидејќи има многу малку негови спомнувања низ историјата. Не е позната точната причина за неговото одбивање.
Продолжува на следната страница…