КАФЕ ПАУЗА

5 грешки на летните венчавки што ќе ги разлутат вашите гости

Written by

in

,

Летните венчавки се прекрасни. Но, постојат некои грешки кои ги прават младенците, заради кои на нивните гости им се ежи косата. Затоа, денес ви откриваме неколку од најчестите грешки кои треба да се обидете да ги избегнете доколку планирате ваква венчавка.rnrn1-5-greshki-na-letnite-venchavki-koi-kje-gi-rastazhat-vashite-gosti-www.kafepauza.mk_rn

1. Вообичаен код за облекување

rnИако е познато дека мажите на венчавките носат костуми, сепак доколку планирате церемонија на високи температури, можеби е подобро да се одлучите за нешто полежерно. Тие ќе ви бидат благодарни и ќе останат во добро расположение за време на целата прослава.rn

2. Церемонија во текот на денот

rnАко токму тогаш „удри“ топлотен бран, сонцето е немилосрдно… сигурно знаете на што мислиме. Токму затоа и заборавете на венчавка на отворено небо. Од друга страна пак, церемонија во затворен и климатизиран простор е прифатлива, но и тогаш морате да се погрижите таа да не трае подолго, бидејќи вашите гости ќе се заморат.rn

3. Игнорирање на комарците

rnВодете сметка за нивните убоди кои сите ние ги мразиме. Постојат свеќи со мирис кој ги одбива, ламби, но и спреови против непоканетите, летачки гости, за кои не би било лошо да им бидат на услуга на гостите во корпа која е поставена на некое видливо место.rnrn2-5-greshki-na-letnite-venchavki-koi-kje-gi-rastazhat-vashite-gosti-www.kafepauza.mk_rn

4. Прелесна храна

rnСфаќаме, доматите и лубеницата се омилени во летниот период и се доста вкусни, но обидете се сите слични овошја и зеленчуци да ги комбинирате со некоја малку „потешка“ храна за да не ги оставите вашите гости гладни.rn

5. Не водите сметка за водата

rnМорате да ја имате доволно и да ви биде секогаш при рака, бидејќи сепак е лето и температурите се високи во текот на целиот ден. Иако веруваме дека заради возбуденоста не размислувате на тоа и можеби мислите дека на вашите гости важен им е само алкохолот. Можеби понекогаш и навистина е така, но водата не смее да недостига.rnrnДоколку планирате венчавка и ви е потребна инспирација за декорацијата и околу деталите, погледнете ги овие Инстаграм профили кои се наменети за сите оние кои наскоро планираат венчавка.