Честопати се води дебата помеѓу заговорниците на здрава исхрана и поставување на прашањето дали кафето е воопшто здраво. Одговорот е дека кафето не мора нужно да биде нездраво. Секако, доколку се придржувате до одредени правила. Ви откриваме 5 начини на кои можете утринското кафе да го претворите во здрава опција.rnrn
rn
1. Подгответе си го кафето сами
rnБез разлика дали пиете турско кафе, нескафе или еспресо ве советуваме самите да си го подготвите бидејќи многу веќе готови кесички кафе содржат млеко во прав или дополнителен шеќер. Во многу кафулиња служат кафиња кои се збогатени со засилувачи на вкус, сирупи, а често и со неутрална павлака. Затоа е најсигурно самите да си го подготвите кафето.rn
2. Користете филтрирана вода
rnКафето кое ќе го подготвите со филтрирана вода ќе има подобар вкус и ќе биде поздраво за вас. За разлика од градската вода која е тврда и преполна со непосакувани супстанци, филтрираната вода не содржи хлор ниту некои други несакани материи, како што се олово или жива.rn
3. Купувајте органско кафе
rnБарем денес тоа е полесно од кога било порано. Во многу кафетерии можете да купите кафе со органско потекло.rnrn
rn
4. Без шеќер и млеко
rnПоголемиот дел од луѓето уживаат во своето кафе само доколку му додадат доста шеќер или млеко. Тогаш особено се губи и потиснува силниот вкус на кафето. Неопходно е да пробате кафе без додаток на шеќер и млеко. Кога еднаш ќе го пробате веднаш ќе ја почувствувате разликата која ја истакнуваме. Доколку пак не можете без млеко, тогаш ве советуваме обичното кравјо млеко да го замените со млеко од јаткасти плодови.rn
5. Нека пиењето кафе биде ваш ритуал
rnПијте го кафето полека и со мерак. Доколку го пиете премногу брзо, одеднаш ќе внесете премногу кофеин што негативно ќе влијае на нервниот систем. Затоа станете порано и полека уживајте во првото, утринско кафе.rnrn
rnrnДоколку сте вистински зависник од кафе, тогаш погледнете со кои проблеми се соочуваат само најголемите љубители на кафе.