10 легендарни изгубени градови кои биле пронајдени
Можеби никогаш нема да ја пронајдеме Атлантида, или пак златните улици на Ел Дорадо, но постојат неколку вистински градови кои се исто толку фасцинантни. Со векови тие не биле ништо повеќе од легенди и приказни и многу често луѓето мислеле дека воопшто не постојат. Но, овие легендарни градови сепак биле пронајдени.
1. Хелике: Вистинската Атлантида
Атлантида не е единствениот митски град кој потонал – истата судбина ја доживеал и Хелике. Според грчката митологија, Хелике бил уништен од гневниот Посејдон во 373-тата година пред нашата ера. Сè до 1980-тите, кога бил пронајден, градот се сметал за мит. Археолозите откриле дека тој навистина бил уништен од природна катастрофа, но најверојатно Посејдон не бил причината за тоа.
2. Дварка: Домот на Кришна
Дварка бил древниот дом на Кришна, реинкарнацијата на Бог, кој живеел пред 5.000 години. Дварка бил изграден од „божји архитекти“ под наредба од Кришна, кој побарал град направен од кристали, сребро и смарагд. На крајот, градот бил уништен од голема битка помеѓу Кришна и кралот Салва. Приказната навистина изгледа само како приказна, но кога археолозите почнале да го истражуваат морето каде што би се наоѓал градот, тие пронашле урнатини кои се совпаѓале со описот. Се верува дека овој град бил изграден пред 9.000 години, а ова го прави еден од најстарите на Земјата.
3. Големиот Зимбабве: Средновековното кралство на Африка
Во раниот 16-ти век, португалските истражувачи почнале да кажуваат за легенди кои ги слушнале за еден замок во Африка. Во земјата која денес е позната како Зимбабве, се наоѓала „шума“ од кули, а локалното население ја нарекувало Симбаое. Дури ни населението не знаело кој ги изградил кулите. Со векови Европејците мислеле дека Симбаое е само приказна, но во 19-тиот век „шумата“ била пронајдена. Тоа бил замок со камени ѕидови високи повеќе од 11 метри. Замокот бил направен во 900-тата година од африканска цивилизација за која нема никакви податоци.
4. Ксанду: Палатата на Кублаи Кан
Марко Поло се вратил од Кина со неверојатни приказни за империјата на Кублаи Кан. Но најинтересна од сите била онаа за Ксанду, палатата на Кублаи Кан. Марко Поло рекол дека мермерната палата била опкружена со парк кој бил широк 26 километри и во кој имало фонтани, реки и диви животни. Палатата била уништена во 1369 година и полека се претворила во легенда, но потоа повторно била откриена и излегло дека Марко Поло навистина ја кажувал вистината.
5. Сигирија: Осмото светско чудо
Во петтиот век во Шри Ланка, кралот Касапа изградил палата на еден рид кој бил висок 200 метри. Според легендите, ова бил еден од најубавите замоци во светот. За да влезете внатре потребно било да се искачите по многу скалила и да поминете низ устата на огромен лав. Со текот на времето замокот бил заборавен. Но кога археолозите почнале да истражуваат, тие навистина го откриле замокот и навистина влезот бил низ лавовска уста. Денес Сигирија е прогласена за осмото светско чудо.
Продолжува на следната страница…