Huawei започна летна кампања „Започни го летото” со подарок луксузни додатоци при купување P10 Plus, P10 и P10 lite
Секој корисник кој ќе купи Huawei P10 Plus, P10 или P10 lite во периодот од 3 јули до 13 август, добива подарок: надворешна батерија, супер брз полнач за автомобил или селфи стик и трипод во едно!
Huawei најави дека започнува нова летна промотивна кампања во Македонија под мотото „Започни го летото”. Од 3-ти јули до 13 август, секој нов купен смартфон од серијата P за 2017 година на Huawei, доаѓа со интересен подарок. При купувањето на Huawei P10 Plus корисниците добиваат бесплатна надворешна батерија, при купување на P10 – супер брз полнач за автомобил, а доколку изберат P10 lite изненадувањето е селфи стик и трипод во едно. На овој начин најстраствените корисници кои сакаат квалитетен нов смартфон за своето секојдневие, ќе се здобијат со уште еден атрактивен и корисен додаток за летните месеци. Продажбата почнува во мрежата на мобилните оператори Македонски Телеком, One Vip, како и во синџирот продавници на Neptun и Setec.
Летната кампања на Huawei е резултат на меѓународна студија Huawei Summer Barometer спроведена во мај месец во 12 европски држави. Излегува дека 95% од младите европски потрошувачи (18 – 24 години) ги користат своите паметни телефони за слики, а над 73% од сите вклучени во студијата, прават емоционални селфи кадри. Повеќе од 70% се потпираат на своите телефони за мапи и GPS навигација. Токму оваа активна употреба на смартфоните ги цеди нивните батерии и не е изненадувачки дека речиси секој втор млад Европеец користи надворешна батерија или други додатоци што овозможуваат споделувањето на содржини и сурфањето на интернет да биде попријатно искуство.
„Нашето истражување покажа дека специјалните додатоци кои ги придружуваат и дополнуваат смартфоните, се од големо значење за корисниците, особено во текот на летните патувања и одмори. Затоа, оваа промоција насочена кон луѓето кои се решени да поминат возбудливо лето, споделувајќи моменти со блиските и пријателите преку смартфоните P10 Plus, P10, и P10 lite, во комбинација со атрактивен додаток“, вели Лонгруи Кју– Џефри, директор на одделот „Кориснички уреди“ за Huawei, Бугарија и Македонија.
Дополнителната надворешна батерија AP08Q, дел од подароците додатоци, обезбедува до 10 000 mAh полнеж, овозможувајќи до три полнења на P10 Plus, а благодарение на USB C портата и микро USB, може да биде наполнета со практично било кој полнач на пазарот. Батеријата е компатибилна со технологијата за супер брзо полнење на Huawei, која овозможува речиси двапати побрз полнеж на P10 Plus, спрема други стандардни извори на струја. Потребни се помалку од 30 минути за полнење на батеријата на смартфонот до 50%.
Полначот за автомобил AP38 работи исто со Super Charge технологија. Така ако корисниците заборавиле да го наполнат телефонот, потребно е само половина час на пат, за да не се загрижени за батеријата во текот на целиот ден.
Третиот подарок додаток – селфи стик AF14 има копче за снимање, поставено на самата рачка. Корисниците можат многу лесно да направат неколку фотографии, без да брзаат или да го допираат екранот. Ставањето на правилниот AF14 излез во приклучокот за слушалки овозможува да се контролира блендата на камерата и снимањето на видео со копчето на рачката. Кога корисниците имаат потреба од трипод за да направат слика со тајмер или стабилно видео, од рачката на стикот може да се извлечат три погодни ногарки, на кои се вметнува штандот. Така овој додаток не е само со висока функционалност, но и исклучително лесен и идеален за летните искуства.
Повеќе информации може да најдете на веб-сајтот на Хуавеи и на веб-сајтовите на мобилните оператори и партнерите.
За Huawei Consumer Business Group
Со 16 центри за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei имаат пазарно присуство во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангиран на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година. Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, мобилни уреди со голема брзина, домашни уреди и cloud услуги. Глобалната мрежа на Huawei се темели на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува корисниците ширум светот со последни технолошки достигнувања.
За повеќе информации, ве молиме посетете го официјалниот веб-сајт.
За редовни вести – следете ги социјалните мрежи: