11 важни предупредувачки знаци од универзумот

Сподели

Постојат 2 перспективи во кои можете да верувате. Првата е дека сме целосно сами во универзумот и дека мораме да ја носиме тежината на светот без никаква помош. Втората е дека не сме сами, и иако можеби нашето его нè одделува од другите, сепак сите сме поврзани. И не само што сите сме едно, туку имаме и еден „водич“ кој ни помага во животот.

Реклама

Во зависност од вашата перспектива, вие или ќе се согласите или нема да се согласите со овие знаци. Доколку верувате дека не сте сами на овој свет, сигурно се прашувате дали сте на вистинскиот пат. Треба да знаете дека универзумот ви праќа знаци кои ве водат, вие само треба да ги препознаете. Погледнете неколку од знаците кои ви ги праќа универзумот за да ве предупреди.rn

1. Неочекувани одложувања

rnНа пример, може да заглавите во сообраќај, да го испуштите автобусот, да откриете дека нема место на летот кој ви е потребен, или пак некој случаен настан да ви ги расипе плановите.rn

2. Имате чудно чувство во стомакот

rnМоже да почувствувате како да ви се гади. Ова негативно чувство можеби нема да помине без разлика на вашите планови и мисли.rn

3. Постојано губите работи

rnМоже да станува збор за нешто што сте го изгубиле, или пак ви било украдено. Привремениот шок од губењето ве буди.rn

4. Често се карате

rnПостојано се појавуваат несогласувања и караници. Може да се расправате и со вашите блиски и со случајни странци.rn

5. Не можете да спиете

rnНе можете да престанете со размислување и тоа не ви дозволува да заспиете. Можеби имате само една мисла која се врти во вашата глава, или пак станува збор за цело застрашувачко сценарио кое го гледате одново и одново.rn

6. Постојано се разболувате

rnБолестите како да ве спречуваат да го правите она што го сакате. Може да имате главоболки, настинки или други болести поради кои сте принудени да забавите.rn

7. Несмасни сте повеќе од вообичаено

rnМожеби постојано се удирате, паѓате, испуштате работи од рацете и слично.rn

8. Постојано чувствувате страв

rnКако постојано да ве демне нешто. Исплашени сте и мислите дека ќе се случи нешто лошо.rn

9. Постојано гледате „лоши знаци“

rnЛошите знаци секогаш се лични и постојано се менуваат. Затоа наместо да ги гледате како постојани или како факти, гледајте ги како субјективни знаци кои вашиот ум решил да ги забележи, и кои се реални само за вас во тој момент. Бидете свесни како реагира вашиот ум на различни знаци во текот на денот.rn

10. Ви се случуваат несреќи

rnНесреќите многу често се знак за промена. Тие може да бидат и физички и емоционални/ментални. Можеби без да сакате ќе го навредите шефот и ќе си предизвикате проблеми. Или пак можеби ќе ви се случи сообраќајна несреќа.rn

11. Постојано се појавуваат блокади и предизвици

rnПоради некоја причина, работите никогаш не се како што треба, без разлика на вашите напори. Постојано се појавуваат нови пречки и блокади. Секој чекор напред ве тера да се вратите два чекори назад.rn

Што да правите кога добивате предупредувачки знаци?

rnВажно е да знаете дека често се случуваат работи како несоница или заглавување во сообраќај. Ако денес сте си ја удриле раката, не мора да значи дека сте на грешниот пат. Но, ако постојано ви се случуваат овие работи, можеби треба да обрнете внимание. Прашајте се: „Што правам, што мислам и што планирам во моментот што е лошо за мене?“

Зависно од тоа колку сте свесни, предупредувачките знаци може да варираат од мали пречки до целосни блокади. Колку повеќе сте „заспани“, толку поочигледни се знаците.rn

Овие совети ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот вистински пат:

rn

    rn011

  • За да добиете потврда дека сте на грешен пат, поврзете се со вашата интуиција. Прашајте се дали сте на вистинскиот пат и набљудувајте ги вашите чувства. На пример, ако почнете да чувствувате некоја тежина, можеби треба да промените нешто. Ако се чувствувате лесно и убаво, ова е знак дека сте на правиот пат.
  • rn011

  • Дишете длабоко и заблагодарете се за предупредувањата. Можеби ќе сакате и да си кажете некоја молитва за помош. Слободно помолете се како што вие сакате.
  • rn011

  • Набљудувајте се. Размислете што треба да промените. Можете да ги запишете вашите мисли и чувства за да ви се разјаснат работите.
  • rn011

  • Најдете утеха во она што се случило. Утехата е одличен начин да ја подобрите вашата енергија и да го отворите вашето срце. Понекогаш универзумот ги праќа најчудните знаци за да нè предупреди.
  • rn011

  • Медитирајте за да го исчистите вашиот ум.
  • rn011

  • Ако не ви е јасно што треба да промените, обрнете внимание на контекстот. На пример, дали сте мислеле, сте правеле или сте планирале нешто кога почнале да се појавуваат знаците?
  • rn

rnПрочитајте и нешто повеќе за духовното будење и за знаците дека сте го откриле вистинскиот пат.

Популарно

Може ќе ве интересира