Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

Не мора да имате ангелски глас за да му пеете на вашето бебе. Пеењето е наједноставниот начин да го смирите детето, но и да остварите блиска поврзаност со него. Доколку немате идеја кои приспивни песнички да ги пеете, ние можеме да ви помогнеме! Погледнете ги следниве детски песнички и популарни хитови кои со сигурност ќе му помогнат на вашето најмило да потоне во длабок сон…

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

„Hush, Little Baby“

Ова е класична приспивна песничка со која ќе му ветите на вашето бебе дека ќе бидете тука за него без оглед на сѐ.

„Frѐre Jacques“

Сигурно ја знаете оваа популарна француска приспивна песничка. Иако текстот повеќе се однесува за будење отколку за заспивање, ако ја пеете тивко и нежно, веднаш ќе му помогнете на вашето бебе да заспие. Исто така, оваа песничка е одлична за децата кои се плашат од темнината, бидејќи зборува за тоа како сонцето наскоро ќе изгрее.

„Too Ra Loo Ra Loo Rai“

Станува збор за ирска приспивна песничка која звучи фолклорно иако е напишана во 1913 година. Песничката е многу заразна и сигурни сме дека вашето дете ќе ја обожава.

„Cradle Song“

Композитор на оваа песничка е Јоханес Брамс. Иако сигурно сте ја чуле мелодијата, веројатно не го знаете текстот, така што најдобро би било да се фатите за работа и уште вечерва да му ја испеете на вашето најмило.

„Rock-a-bye Baby“

Не, не мислиме на хитот на Шон Пол, иако и таа е подеднакво заразна. Зборуваме за песничка од 18-ти век, која е многу лесна за пеење и памтење.

Продолжете на втората страница за останатите приспивни песнички…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар