Малкумина се оние кои не доживеале момент кога едноставно извршуваат некоја активност и потоа одеднаш го губат текот на сопствените мисли и забораваат што треба да направат. Таквата заборавеност знае да нè збуни, но едно ново истражување упатува на тоа дека нема потреба и простор за грижа.rnrn
rnrnИстражувањето што било спроведено во Торонто докажало дека моментите на заборавеност всушност се знак дека вашиот мозок работи правилно. Во истражувањето кое е објавено во списанието „Неврон“ пишува дека кога можете да се сетите само на одредени детали, тоа може да биде знак дека вашиот мозок подобро ги сортира информациите и разликува која информација ќе ви биде корисна во иднина.rnrnЗа потребите на студијата, истражувачите ги проучиле претходните студии и заклучиле дека создавањето нови неврони во хипоталамусот, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата, всушност го поттикнува заборавањето на одредени сеќавања за да се направи место за некои поважни информации.rnrn
rn
„Важно е мозокот да ги заборави неважните детали и да се фокусира на работите што ќе ѝ помогнат на личноста да донесува одлуки во реалниот свет“, вели главниот автор на студијата, професорот Блејк Ричардс.
rnАко помнењето детали ни помага да донесуваме подобри одлуки, има смисла нашиот мозок да ги филтрира знаењата што ни се потребни за да донесеме поточна и пологична одлука.rnrnСвоите заклучоци научниците ги темелат на студијата од 2017 година, која открила дека заборавеноста е високо развиен облик на интелигенција, односно дека луѓето кои подобро помнат сложени пораки, а не едноставни детали, имаат поголем коефициент на интелигенција.rnrnЗатоа, следниот пат кога во одреден момент ќе го заборавите роденденот на вашата пријателка, лозинката од профилот или каде сте ги оставиле клучевите од автомобилот, немојте да се вознемирувате, бидејќи најверојатно вашиот мозок на тој начин само создава ново место за поважна меморија која ќе ви помогне во донесувањето на некои поважни одлуки.rnrnПонекогаш проблемите со помнењето може да бидат посериозни, па добро е да проверите што ја предизвикува лошата меморија.