Сигурно многу пати ви се случило да тргнете некаде и на пола пат да заборавите каде сте тргнале. Дали секогаш можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите од станот или автомобилот? Дали повремено не се сеќавате на важни датуми, како мозокот да ви се блокирал?rnrn
rnrnКога помнењето почнува да ве издава, прва помош се разнобојните ливчиња кои ги лепите насекаде околу вас – така што секогаш ги имате обврските на дофат. Но, ако состојбата не се поправа, проблемите можеби потекнуваат од недостаток на сон, секојдневна изложеност на стрес, па дури и некои болести. Човечкиот мозок може да се моделира т.е. под влијание на одредени стимули од околината тој може да се менува за да стане подобар. Еве што е она што негативно влијае врз нашата меморија.rn
1. Недостаток на сон
rnЕкспертите постојано предупредуваат дека недостатокот на сон може значајно да влијае на извршувањето на секојдневните задачи. Намалената концентрација, забавените реакции и уморот не само што лошо влијаат на активноста на работа или на училиште, туку и на паметот. Последново не може да се наруши после непреспана ноќ, туку кога личноста има долготраен проблем со спиењето.rn
2. Тироидна жлезда
rnОваа жлезда нема некое одредено влијание на мозокот, но влијае на сите метаболитички процеси во телото и затоа нејзината функција добро треба да се провери, особено ако се јават проблеми со губење на памтењето.rn
3. Пушење
rnПушењето го оштетува мозокот затоа што негативно влијае на снабдувањето со крв на овој орган. Може да предизвика заборавање, повреда на мозочните функции и значајно да го намали фонтот на зборови кој се користи. Истражување во кое учествувале 7.000 мажи и жени, покажало дека постарите пушачи имале намалена функција на мозокот за разлика од нивните врсници непушачи.rnrn
rn
4. Топлотни бранови
rnГолемо влијание на памтењето имаат и топлотните бранови со кои се соочуваат голем број жени за време на менопаузата. Колку повеќе вакви бранови – толку поизразени проблеми со помнењето, а особено се јавуваат тешкотии околу сеќавања поврзани со нечие име или настан. Сепак овие бранови топлина не оставаат трајна последица на функцијата на мозокот. Женското тело за време на менопаузата поминува низ период на хормонски промени и штом тоа заврши, памтењето се враќа во нормала.rn
5. Депресија и анксиозност
rnСпоред експертите, анксиозноста и депресијата ја нарушуваат нервната структура која влијае на сеќавањето. Меѓутоа, ако зад губењето на меморијата се наоѓа нарушување на расположението, постои шанса сеќавањето целосно да се врати. Како што се поправа расположението на личноста – така се подобрува и нејзината меморија.rn
6. Исхрана
rnИстражувањето кое е спроведено врз возрасни глувци покажало дека глодарите кои добивале мрсна храна, после осум недели набљудување имале полоши резултати од оние кои добивале поинаква храна. Друга анализа покажала дека исхраната богата со масти влијае на хипокампусот – дел од мозокот кој е одговорен за краткотрајното помнење.rnrn
rn
7. Стрес
rnХормонот на стресот влијае на делови од мозокот кои го контролираат памтењето. Хроничниот или повторувачкиот стрес значително му штетат на мозокот.