Поучна приказна: Двајца се караат, третиот добива

Сподели

По завршувањето на голем шумски фестивал, две мачки се шетале низ дрвјата, предејќи една на друга. Во еден момент, една од мачките забележала голема торта и скокнала кон неа но ја промашила. Тогаш другата скокнала и ја фатила.rn

„Дај ми ја тортата, јас ја видов прва!“ – рекла првата мачка.

„Тргни се од неа, јас ја фатив!“ – свикала другата мачка.

Реклама

rnТие продолжиле со расправијата, а потоа почнале и да се тепаат. Но никако да најдат решение. Тогаш еден мајмун поминувал во близина и ги забележал будалестите мачки па си помислил да ја искористи дадената шанса.

Им се приближил на мачките и свикал силно:rn

„Не се карајте. Дајте ми ја тортата на мене и ќе ја поделам праведно.“

rnТие веднаш се смириле и му ја подале тортата. Тој ја зел и потоа ја поделил на два дела, но ја протресол главата и рекол:rn

„Ох, леле. Едното парче е поголемо од другото.“

rnМајмунот гризнал дел од поголемото парче, за да ги израмни, но изгледа претерал…rn

„Ох, леле. Сега ова парче е помало од другото.“

rnТој продолжил со одгризувањето сè додека не ги изел и двата тела од тортата. Кутрите мачки биле разочарани, а мајмунот задоволно си го протрил полниот стомак.

Поука: Кога двајца се караат, третиот добива.

5 кратки приказни кои треба да ги читате секојдневно: Станете после секој пораз, а низ животот одете со мали чекори!

Популарно

Може ќе ве интересира