30-секундни утрински ритуали за здрав и позитивен почеток на денот
Можеби не сакате да се будите рано, но доколку тоа е дел од вашиот живот, тогаш морате да го прифатите тоа. Она што можете да го направите е секое утро да го претворите во убаво, радосно и здраво, а еве кои ситни утрински ритуали од 30 секунди ќе ви помогнат во остварувањето на оваа цел.
1. Не го одложувајте алармот! Ставете го телефонот што е можно подалеку од креветот и станете за да го исклучите. Тоа е тоа, веќе сте на нозе и се чувствувате поодморено отколку да сте продолжеле да спиете „уште само 5 минути“.
2. Протегнете се во креветот. О да, тоа ќе ви пријае и веднаш ќе се почувствувате подобро и посреќно.
3. Тргнете ги завесите! Нека светлината навлезе во вашата соба автоматски подигнувајќи го вашето расположение.
4. Испијте витамин Ц или некои мултивитамини. Сигурно не внесувате витамини во онаа мера колку што е потребено.
5. Завршете го туширањето со ладна вода. Сигурно веќе знаете дека тоа е доста здраво.
6. Испијте чаша вода. Пред кафето!
7. А потоа, подгответе го вашето омилено кафе. Секако дека морате да имате некое задоволство во животот полн со утрински будења.
8. Исклучете го телефонот. Пораките ќе стојат и еден час подоцна, кога ќе се разбудите.
9. Запалете свеќа. Изберете ја онаа со најсвежиот мирис и уживајте.
10. Повторувајте некоја позитивна изрека. Можеби првиот пат ќе ви звучи чудно и лудо, но потоа ќе се навикнете. Никогаш не заборавајте – какви се вашите мисли таков е и вашиот живот.
11. Кога ги миете забите, задолжително исчистете го и јазикот. Нема да имате лош здив, но затоа ќе имате поголема насмевка.
12. Помирисајте лимон или нешто од лимон. Ова го редуцира стресот.
13. Полевајте ги билките. Ако имате билки во просторијата, тоа ќе придонесе за здрав и долговечен живот.
14. Направете листа со задачи. Бидејќи тоа е чекор поблиску до целта, а чекор подалеку од стресот.
15. Нанесете хидратантна крема. Заблагодарете ни се подоцна.
16. Испијте уште една чаша вода. Бидејќи, хидратацијата е многу важна.
17. Кажете си дека изгледате убаво. Повторно, можеби звучите лудо во вашиот ум, но оваа навика навистина има придобивки за вашите среќа и самодоверба.
18. Појадувајте. Јајца, овесна каша, житарки… Изберете!
19. Пуштете ја омилената песна. Малку танцувајте и опуштете се.
20. Средете го креветот. Ќе се чувствувате подобро подоцна.
21. Вдишете длабоко неколку пати. Веднаш ќе се почувствувате опуштени и смирени.
22. Направете некоја вежба. Тоа ќе ви помогне да се размрдате и да го поправите вашето расположение.
23. Средете ја собата. Немојте да бидете мрзливи и неуредни! Како и со случајот со креветот, ќе ви биде полесно подоцна.
24. Посакајте му добро утро на секој околу вас. Овие ситници навистина позитивно влијаат на вашето расположение, а со самото тоа и поздраво.
25. Смејте се, постојано. Доволно е кажано.
Доколку сакате утрата да ги прилагодите според вашата личност и карактер, тогаш погледнете која е вашата идеална утринска рутина според хороскопскиот знак.