Што правите кога некој ќе ве повреди? 5 начини на кои си го уништувате животот

Сподели

Секој од нас различно реагира кога е повреден. Ако одберете една од овие 5 опции, тогаш само си го уништувате вашиот живот. Ако на повредата одговарате со кој било од овие начини, само си ја влошувате вашата ситуација.

Реклама
Реклама

rn

Реклама
Реклама

1. Барате одмазда

rnНормално е да сакате да се одмаздите и искушението е навистина големо. Но, на овој начин само си наштетувате. Одмаздата секогаш има негативен исход. Едно истражување тестирало како се чувствуваат луѓето откако ќе се одмаздат. Резултатите покажале дека среќата и задоволството не биле едно од овие чувства. Тие кои се одмаздиле се чувствувале дури и полошо од оние кои не направиле ништо за личноста која ги повредила. Ова докажува дека одмаздата нема да ви донесе задоволство, па затоа најдобро е само да продолжите понатаму.rn

2. Ја ширите вината

rnКога некој ќе ве повреди, најздравата опција за прифаќање е дека одлуката била на личноста што ве повредила и на никој друг. Но, многу често вината се проширува и на другите. Жените сметаат дека сите мажи изневеруваат, други мислат дека на никој странец не може да му се верува и слично. Ова има лошо влијание на идните врски и пријателства. Оставете ја вината таму каде што припаѓа. Никој не е виновен освен личноста што ве повредила.rn

Реклама

3. Се обвинувате

rnНавистина е одлично да преземате одговорност за вашите постапки, но префрлањето на целата вина на себе нема да ви биде од помош. Ако вашата самодоверба е погодена, можеби е лесно да се убедите дека сите ве напуштаат бидејќи сте ужасна личност. Подобро е да прифатите дека некои врски едноставно не функционираат, а некои пријателства не траат засекогаш. Бидете свесни за вашата улога во ситуацијата, но не дозволувајте болката да ја замагли вашата перцепција. Мала е веројатноста дека вие сте виновни за она што ви се случило.rn

4. Чувствувате омраза

rnОмразата е најдеструктивната емоција. Кога некој што го сакате ве повредил, многу често чувствувате омраза кон него. Многу е полесно силната емоција да се претвори во друга силна емоција, па љубовта станува омраза. Во ред е да почувствувате збир од емоции, но не дозволувајте омразата да остане во вас.rn

5. Простувате и заборавате

rnПростувањето е клучно за да продолжите понатаму, но заборавањето нема иста улога. Кога заборавате како се одвивала некоја ситуација, многу е веројатно да ја повторите грешката. Простете му на момчето што ве контролира, но не ги заборавајте предупредувачките знаци на нездрава врска. Немојте да простувате и да заборавете. Простете и научете.

Погледнете и зошто треба да простувате.

Најново

Може ќе ве интересира