Костими за капење кои се најдобри сојузници на сите жени со мали гради
Сезоната за одење на плажа и за пливање е официјално отворена. И додека поголемиот дел од жените ги сметаат стомакот, колковите или задникот како свои проблематични делови од телото, постојат и оние кои имаат „проблеми“ во делот на деколтето, бидејќи не можат сите жени да се пофалат со големи гради.
Добра вест за сите жени со мали гради е дека оваа сезона нема да имаат потешкотии во пронаоѓањето на идеалниот костим за капење во кој ќе се чувствуваат прекрасно и секси без да размислуваат за големината на своите гради. Со изборот на вистинскиот модел, малите гради ќе се прекријат, а на вашата самодоверба ќе ѝ нема крај.
Големите карнери полни со волумен и понатаму се главниот тренд за оваа сезона, па освен блузите и копулите, тие исто така ги красат и костимите за капење. Нема парче облека кое карнерите нека да го направат попривлечно и позанимливо.
Тие се идеален избор за сите жени со мали гради, бидејќи карнерот ќе го зголеми волуменот околу градите, а истовремено ќе му даде и длабочина на деколтето. Моделите со карнери посебно се убави, бидејќи ги нагласуваат рамената и изгледаат заводнички и женствено.
Прочитајте и зошто одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје!