КАФЕ ПАУЗА

Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани

Парадоксот на Ферми е контрадикцијата помеѓу веројатноста за постоење на вонземјани и недостатокот од контакти со нив. Погледнете 11 потенцијални одговори на оваа теорема, од кои некои звучат реално, а други изгледаат како сценарио од некој научно фантастичен филм.rn

1. Сите напредни цивилизации ги чекаат сигналите, но не ги праќаат

rnSONY DSCrnrnЗамислете си 10 луѓе расфрлани низ Земјата и оддалечени неколку илјадници километри еден од друг. Секој од нив има по еден мобилен телефон. Но, никој од нив не се обидува да се јави, туку сите чекаат да добијат повик.rn

2. Вонземјаните нè набљудуваат како животни во зоолошка

rn(2)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnНапредните цивилизации нè набљудуваат и проучуваат наместо да контактираат со нас. Постојат многу причини зошто би одбрале само да набљудуваат. Можеби чекаат да исполниме одредени критериуми како цивилизација или пак сакаат да нè набљудуваат без наше знаење.rn

3. Луѓето неправилно бараат живот надвор од Земјата

rn(3)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnЗамислете дека се обидувате да контактирате некого така што му се јавувате на факс машина. Можеби вонземјаните ни испраќаат сигнали, но ние не ги слушаме правилно.rn

4. Животот на интелигентните цивилизации е толку краток што не можат да се начекаат

rn(4)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnЕден корисник на Редит многу добро ја објаснил оваа теорија:rn

„Периодот помеѓу развивањето на една цивилизација до тој степен што знае да користи радио бранови, и времето кога се уништува е премногу кратко (во споредба со староста на универзумот). Ова го оневозможува поклопувањето на две цивилизации.“

rnЛуѓето ги откриле радиобрановите во 1880-тите, па можеби наскоро ќе станеме способни за меѓуѕвездено патување, пред да се уништиме од некоја војна.rn

5. Живееме во симулација, па нашата реалност е она што програмерите сакаат да биде

rn(5)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnМожеби некои многу поинтелигентни битија креирале симулација, а ние сме дел од неа. Можеби оваа виртуелна реалност е направена за истражување, или пак можеби е симулација на планетариум. Како и да е, ако креаторите не вметнале вонземјани во неа, ние никогаш нема да ги сретнеме.rnrnПродолжува на следната страница…rn