Што можете да носите во текот на летото, доколку не сакате фустани?
Околу вас владее идентично расположение – сите се радуваат на летото и на топлите денови, бидејќи конечно ќе можат да ги носат омилените летни фустани, а вие само ги гледате чудно и се прашувате што не е во ред со нив. Вие навистина се радувате на летото, но навистина би сакале да го прескокнете оној дел со фустаните. Секако, можете и без нив. Никаде не пишува дека мора да сакате фустани и дека тие се единственото парче облека што можете да го носите иако морате да признаете дека е прилично пријатен и практичен. Па така, постојат и други шик, тренди и удобни летни комбинации кои на совршен начин ќе го заменат она што најмалку го сакате.
1. На пример, блузата во бохо стил, ленена или памучна, ќе ви пријае во текот на летните денови, а можете да ја комбинирате со лесни панталони, можеби и со оние здолниште-панталони. Заедно со оваа комбинација изберете модерни рамни обувки и тоа е тоа, подготвени сте за преживување на жешкото лето.
2. Блузата со пруги е задолжителна за секое лето, бидејќи таа асоцира на море и плажа. Комбинирајте ја со лежерни, широки панталони и омилените обувки. Ќе се чувствувате удобно и модерно.
3. Ленот е дефинитивно најдобриот материјал за летото, бидејќи во него всушност се чувствувате најдобро. Затоа, облечете се во лен од глава до пети и комбинирајте „исечени“ панталони и едноставна ленена кошула. Ако не сакате папучи, одлучете се за балетанки или мокасини.
4. Најдобра замена за фустаните, дефинитивно е комбинезонот. Комбинирајте го со кои било сандали и тексас јакна или елек и ќе изгледате модерно и атрактивно.
5. Кој вели дека мораме да се откажеме од фармерките кога ќе дојде летото? Машките фармерки се пријатни за носење и во текот на летните денови, а со нив облечете лесна блуза со спуштени раменици. Кога станува збор за обувките, сандалите се сосема прифатливи.