Како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза?
Мора да се грижите за просторијата во која поминувате доста време. Не е важно дали станува збор за вашата спална или дневна соба, за бањата или можеби канцеларијата, важно е тие да бидат уредено декорирани за вие самите многу подобро и поубаво да се чувствувате. Кога е спалната соба во прашање, нејзиниот ентериер мора да биде природен, пријатен и во неа секогаш да биде удобно, а еден од начините за да го постигнете тоа е да ја уредите во рустичен, селски стил кој ќе ви го овозможи сето тоа во истиот момент штом стапнете во неа.
1. Еден од поедноставните начини да го доведете рустичниот стил во вашата спална соба е доколку околу креветот или во некој дел од вашата соба поставите завеса која има некоја изработка на себе или која е слична на чипка. Ваквиот детаљ веднаш ќе му даде „душа“ на целиот простор, а вие сигурно ќе се почувствувате удобно.
2. Ако некогаш сте биле во некоја стара куќа на село, сигурно сте забележале дека плафоните никогаш не изгледале како денес. Затоа луѓето при уредување на домот честопати се одлучуваат да направат барем лажен дел од таа атмосфера, па во аглите на своите плафони поставуваат греди или ги откриваат веќе постоечките, бидејќи изгледаат навистина совршено.
3. Масичка од дрво, во комбинација со метални, бојадисани садови во кои се наоѓаат некои помали билки или служат како вазни, се еден од начините на кои можете да ја направите вашата соба рустична. Нека деталите бидат во бела или некоја пастелна нијанса, па сето тоа ќе изгледа совршено.
4. И самите знаете колку е важна постелнината за убав и добар сон. Секогаш ноќта поубаво започнува кога постелнината е комплетирана и убаво испеглана, а не растурена. Со целата таа слика, доколку сакате „селски“ стил во вашата спална соба, изберете дезени кои се природни, кои не се нападни, можеби со некои детали на чипка и вез, што во текот на оваа година се голем тренд.
Преминете на следната страница за останатите идеи…