7 работи кои му се потребни на мажот за да се поврзе со својата партнерка
Луѓето по природа се егоцентрични, па сосема е нормално жените да се фокусираат само на нивните потреби. Но, иако мажите ретко го кажуваат тоа, и тие имаат свои барања во врската. Погледнете 7 работи кои му се потребни на секој маж во врската.
1. Простор
На мажите им е потребно време за да ги разберат своите чувства и мисли. Кога партнерката ќе му го овозможи ова, мажот може да истапи напред. Жените по природа секогаш се обидуваат да го намалат овој простор со цел да се поврзат, но многу често мажите се чувствуваат згушено поради ова. Важно е да му го дадете просторот кој му треба.
2. Внимание
Иако мажите се програмирани да изгледаат силно, тие сепак се луѓе и имаат потреба од внимание. Мажи, кажете ѝ дека сакате прегратки, бакнежи и масажа после долг ден и дека имате потреба да се чувствувате сакано.
3. Почит
Мажите работат напорно. Желбата тие да бидат оние кои заработуваат за семејството се наоѓа во нивната ДНК. За да создадат силна врска со жената, важно е таа да ги почитува. Секако, барањето почит не е начин да ја добиете, но делењето вредности, градењето на доверба и покажување почит кон неа ќе ја натераат и таа да го прави истото.
4. Разбирање
Мажите се поразлични од жените. Тоа им е познато на сите. Но дали сите го сфаќаме ова? Жените се жалат за долгото работно време на мажите, но не разбираат дека мажите го прават тоа за нив и за семејството. Тоа е нивен начин да покажат љубов. На вашата партнерка ќе ѝ биде полесно да го разбере ова доколку ѝ објасните колку ви е важна работата, не само за вас, туку и за вашата заедничка иднина.
5. Секс
Жените ја чувствуваат љубовта емоционално. Мажите ја чувствуваат физички. За нив не е доволно секс само два пати во месецот. Мажите сакаат да се чувствуваат поврзано, а сексот е најдобар начин за тоа. Објаснете ѝ на партнерката дека сексот прави да се чувствувате поврзано и сакано. Но, покажете ѝ дека не сте со неа само за тоа.
6. Поврзување со децата
Жените по природа се примарните негувателки на децата и трпат најмногу. Но, она што понекогаш се случува е тоа што тие ја одбиваат секоја помош која мажот се обидува да ја понуди. Кажете ѝ на вашата партнерка дека треба да одмори и дека и вие сте родител на тие деца. И вие знаете да се грижите за нив.
7. Давање вредност
Мажите по природа се решавачи на проблеми. Жените сакаат да споделуваат, да разговараат и да бидат слушнати. Едноставно со слушање и разбирање на партнерката, вие ќе додадете вредност. Не мора секогаш да најдете решение за проблемот. Само ислушајте, па ако таа е спремна, понудете ѝ помош.
Погледнете и што сакаат мажите од жените.