Пред да стане Чудесната жена, таа беше Дијана, принцезата од Темискира, воин на Амазонките
rn
Режија: Пети ЏенкинсrnrnУлоги: Гал Гадот, Крис Пајн, Робин РајтrnrnВреметраење: 141 минутаrnrnПремиера: 2 јуни 2017rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, фантазијаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=VSB4wGIdDwornrnНе се сеќавам кога последен пат сум гледала филм што толку многу ме расположил и ме мотивирал. Мислам дека конечно ги разбирам мажите што стануваат „хипер“ кога ќе изгледаат некоја акција од овој вид со машка главна улога – откако ја гледав Дијана како се бори на филмското платно, се почувствував како да можам сама да натепам цел куп негативци! И да, конечно добивме суперхеројски филм каде што жена има главна улога и уште поважно – што е режиран од страна на друга жена! И тој е сосема различен од сè што досега сме имале можност да гледаме. Не мислам во однос на приказната, којашто иако е уникатна сама по себе, сепак е типична како за претставување на еден суперхерој, во овој случај – суперхеројка! Она што го издвојува овој филм од останатите е ликот на хероината, односно Дијана.rnrn
rnrnДијана, ќерката на кралицата Хиполита, принцезата од Темискира, целиот свој живот го поминала меѓу Амазонките. Тие ја изградиле во личноста што е денес – чиста, невина и добра душа со желба да му помага на човештвото. И најважно од сè, од неа направиле и голем воин. Но таа не ги користи своите способности, ниту пак моќта за напад, туку за заштита на оние што не можат самите да се одбранат. Нејзината единствена цел е да го заштитува човештвото од оние што сакаат да го уништат, како Арес – богот на војната. Нејзината желба за мир може да се почувствува низ големото платно, и е толку заразна, што ќе ве натера и самите да се вклучите во некоја добротворна организација за да им помагате на оние што не можат да се грижат за себе.rnrn
rnrnГал Гадот, актерката што ја „оживува“ Дијана, толку совршено ја одигрува својата улога што едноставно нема да ви се верува дека таа само глуми. Истата комбинација од нежност и сила што го содржи нејзиниот лик, се забележува и кај неа, па затоа и таа делува толку реално, толку опипливо. Поради оваа карактеристика лесно ќе се ставите во нејзините чизми и ќе се инспирирате да бидете подобра личност од претходно. Тука мора да се спомне и Крис Пајн (Стив Тревор), што едноставно го извлекува најдоброто од неа, како и останатата актерска екипа – не постои ниту еден актер, главен или спореден лик, што не се чувствува како да припаѓа токму во тој свет.rnrn

