Роденденска забава за 15-годишно маче
Кога мачето Луна наполнило 15 години, нејзиното семејство одлучило дека е време да ѝ приредат вистинска забава. Тие се потрудиле секој дел од забавата да биде совршен, исто како Луна.
Дел од шпанската култура е да се прославува 15-тиот роденден на девојките бидејќи тоа е нивен премин кон светот на возрасните. Обично оваа традиција не важи за мачки, но Луна не е само обична домашна мачка. Семејството Олавариа ја пронашло Луна на улицата кога таа била само 3 недели стара. Тие ѝ овозможиле дом и ѝ дале толку многу љубов, што таа ги надживеала сите други домашни миленици.
На забавата имало храна, декорации, торта, круна, па дури и фустан. Прославата траела 3 часа, толку колку што мачка може да издржи без да си дремне.
Изгледа дека Луна уживала во секој момент од нејзиниот посебен ден.
Тортата била одлична, но Луна многу повеќе се израдувала на конзервата туна.
За да си го подобрите расположението, погледнете ги и овие забавни мачиња.