Не е исто како за возрасните: Мајки, еве како правилно да го заштитите вашето бебе од сонцето!

Не е исто како за возрасните: Мајки, еве како правилно да го заштитите вашето бебе од сонцето!

Дали сте знаеле дека е доволно вашето бебе само еднаш барем малку да изгори на сонце и на тој начин двојно повеќе да му се зголеми ризикот за развој на рак на кожата во повозрасната доба? Звучи застрашувачки, но младата и нежна кожа е посебно чувствителна на штетните сончеви зраци и поголемиот дел од оштетените клетки се создаваат во детството кога кожата е тенка, а пигментацијата и имуниот систем се сѐ уште во развој. Затоа ви откриваме како е најдобро да го заштитите вашето бебе и да не направите некоја од овие грешки што остават сериозни последици.

1-ne-e-isto-kako-za-vozrasnite-majki-eve-kako-pravilno-da-go-zashtitite-vasheto-bebe-od-sonceto-www.kafepauza.mk_

1. Нанесување крема со заштитен фактор откако ќе пристигнете на плажа

Поголемиот дел од луѓето не се свесни дека на кожата ѝ е потребно време да ја впие кремата за заштитниот фактор да почне да делува. Дотогаш, кожата не е заштитена од штетното УВ зрачење, и ова важи за поголемиот дел од кремите за сончање, дури и за оние кои се наменети за деца. Па така, некои од нив нудат моментално и доста високо ниво на заштита од сончевите изгореници и долготрајни оштетувања на кожата, но сепак децата би требало да ги намачкате со крема барем 30 минути пред одењето на плажа.

Совет плус: Кремата нанесувајте ја на секои два часа за да бидете сигурни дека бебешката чувствителна кожа е потполно заштитена.

2. Кремата со заштитен фактор СПФ 50 не е идеалното решение

Поголемиот дел од родителите сметаат дека кремата со заштитен фактор 50 е идеална за бебешката кожа, но всушност овие креми имаат многу повеќе хемикалии и штетни состојки за младата и нежна кожа, а притоа не гарантираат целосна заштита. СПФ ознаката говори за тоа колку кремата што ја користиме е ефективна во однос на тоа колку долго може да нè заштити од сончевите изгореници. Па така, ако кожата започне да црвенее после 10 минути изложување на сонце, кремата со заштитен фактор СПФ 25 го зголемува тоа време за 25 пати. Тоа значи дека кожата на детето која е намачкана со крема со СПФ 25 ќе биде заштитена околу 250 минути. Сепак, експертите советуваат дека доенчињата и децата помлади од три години не треба да ги изложувате на сончеви зраци, а исто така задолжително е да нанесете крема и на подрачјето на главата, ушите, вратот и рацете, бидејќи ова се делови од телото кои се особено изложени и чувствителни.

2-ne-e-isto-kako-za-vozrasnite-majki-eve-kako-pravilno-da-go-zashtitite-vasheto-bebe-od-sonceto-www.kafepauza.mk_

3. Кремата не е доволна

Без разлика колку кремата за сончање е добра и квалитетна, кога се малечките во прашање, никако не е доволно да се потпрете само на неа. Задолжително заштитете го вашето дете со шешир, соодветна облека, очила за сонце и чадор. Исто така, на плажата децата не би требало да си играат на сонце, туку под сенка, особено за време на најтоплите часови во денот.

Совет плус: Избирајте водоотпорни средства за заштита од сонцето со заштитен фактор 30, бидејќи не само што ги штити децата кога се во вода, туку и заради тоа што може да се нанесат и на влажна кожа.

4. Како да ја заштитите вашата кожа?

Секако, на сонцето е важно да ја заштитите и вашата кожа. Немојте да заборавите освен кожата, да ја заштитите и вашата коса која сонцето може дополнително да ја оштети. Слободно побарајте некои производи кои освен што се наменети за лице и тело, да бидат наменети и за коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар