Претходно
Нов летен тренд: Женски чанти што можете да ги носите и на плажа и во град
Торбите за плажа се неизоставен дел од летната гардероба, но оваа година нема да морате да ги носите само покрај море, туку за дневни прошетки, како и за вечерни излегувања. Моделите направени од слама се многу практичен и убав моден додаток што ќе ви ја надополни секоја модна комбинација. Важно е само да бидат пространи, за да можат да соберат сè што ви е потребно – од резервни бикини, до вода, овошје и книги.