Положби за спиење што ќе ви ги олеснат најчестите 10 здравствени проблеми

Положби за спиење што ќе ви ги олеснат најчестите 10 здравствени проблеми

Секој од нас има различни навики за спиење, некои можат да се успијат само ако се во одредена положба, додека други се успиваат во моментот кога ќе ја стават главата на перницата. Како и да е, од некои положби има поголеми придобивки за разлика од другите. Некои положби на спиење може да имаат влијание на разни аспекти од здравјето. Крвниот притисок, инфекција на синусите и многу други може да бидат под влијание на вашата положба на спиење.

1. Киселини

(1)polozhbi-za-spienje-za-10-zdravstveni-problemi-kafepuaza.mk

За луѓето кои страдаат од ова, успивањето не е лесна работа. Лошата положба на спиење може да резултира со киселина со хранопроводникот а ова може да води до несоница и неправилна дигестија. Најдобрата положба за спиење за луѓето кои страдаат од киселини е малку поткренат горен дел од телото така што содржината на стомакот ќе остане доле. Исто така препорачливо е да се спие на левата страна.

2. Болки во вратот

(2)polozhbi-za-spienje-za-10-zdravstveni-problemi-kafepuaza.mk

Положбата на спиење може да игра голема улога кога станува збор за болките во вратот. Важно е да имате удобна перница која се совпаѓа со формата на вратот, но постојат и други начини на кои можете да го намалите ризикот. Спиењето на страна или на грб се двете позиции кои се најлесни за вратот. Лекарите препорачуваат да се спие со мала крпа завиткана во ролна под вратот за да го подржува.

3. Болки во грбот

(3)polozhbi-za-spienje-za-10-zdravstveni-problemi-kafepuaza.mk

Болката во кој било дел од грбот може да го направи спиењето невозможно. Ако спиете на вашиот грб, можете да ја намалите болката со тоа што ќе ставите перница под вашите колена. Ако спиете на стомак, перницата ставете ја под вашиот абдомен. Ако спиете на страна, ставете перница помеѓу вашите колена и свиткајте ги нозете кон градите.

4. Болки во рамената

(5)polozhbi-za-spienje-za-10-zdravstveni-problemi-kafepuaza.mk

Болките во рамената се многу чест проблем и можат навистина да пречат во спиењето. Спиењето на страна кое не предизвикува болка може да изгледа како правилниот избор, но постојат и други начини да ја избегнете болката. Прегрнете една перница, или ако спиете на грб, ставете мало перниче под рамото кое ве боли.

5. Главоболки

(6)polozhbi-za-spienje-za-10-zdravstveni-problemi-kafepuaza.mk

Лошите положби на спиење често предизвикуваат главоболки, особено поради тоа што луѓето го виткаат својот врат во текот на сонот. Најдобрата положба за избегнување главоболки е или на вашиот грб или на страна, но со доволно перници околу вашата глава за да не можете да ја мрдате во текот на ноќта.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар