rn
6. Проблеми со дигестијата
rnСонот многу лесно може да се прекине кога ве измачуваат проблеми со дигестијата. Но, спиење на левата страна може да ви помогне во ова. Оваа положба е од помош бидејќи вашиот желудник се наоѓа на левата страна. Ова ѝ дозволува на гравитацијата да го забрза процесот на варење, па вие ќе можете да се успиете.rn
7. Проблеми со синусите
rnСпиењето во лоша положба додека имате проблеми со синусите може да резултира со затнување на дишните канали и прекинување на сонот. Обидете се да ја подигнете главата за да го избегнете овој проблем. Важно е главата да ви биде повисоко од срцето за да се намали количината на крв во носот.rn
8. ПМС болки
rnБолките кои настануваат во овој период може да не ви дозволат да се успиете. Но, положбата на фетус може да би помогне да го намалите притисокот на абдоминалните мускули. Исто така можете да ги намалите симптомите ако ставите перница под вашите колена.rn
9. Висок крвен притисокот
rnСпоред едно истражување, положбата на спиење може да влијае на крвниот притисок. Ако имате висок крвен притисок, обидете се да спиете на левата страна. Исто така спиењето на стомак е доста ефективно.rn
10. Болки во колковите
Болката во колковите може да ви го отежни удобното спиење. Важно е да се наместите во положба која не врши притисок на колковите и на грбот. Најдобра положба за ова е спиење на стомак. Исто така, ако сакате да спиете на страна, ставете перница помеѓу нозете. Можете да се обидете да спиете и на грб поставувајќи перница или ќебе кои ќе го подржуваат вашиот грб.
Погледнете ги и опасните последици од лошите навики за спиење.

