Шорцеви со висок струк – совршено парче облека за жешките летни денови
Панталоните и шорцевите со висок струк се голем тренд во претходните неколку сезони. Ова лето шорцевите со висок струк доминираат во колекциите на познатите модни куќи.
И тоа воопшто не изненадува, бидејќи овој модел е идеален за сите дневни, но и вечерни прилики во текот на потоплите денови.
Доаѓаат во разни варијанти – изработени од тексас, лен или памук, додека моделите кои се изработени од сатен и фина свила се идеални за формални или пак, вечерни прилики.
Во оваа сезона многу познати марки во своите колекции ги имаат вклучено и овие шорцеви, а ние одлучивме да ви претставиме неколку начини на кои можете да ги вклучите во вашите модни комбинации.
Како да носите кратки шорцеви во сите прилики и притоа да изгледате совршено?