7 причини зошто читањето е добро за вашиот мозок
Со толку многу технологија околу нас, изгледа дека читањето секогаш е во втор план. Многумина од нас го поминуваат слободното време на телефоните или на компјутерот, па поради ова започната е дебатата за тоа дали технологијата нè прави попаметни или поглупави. Еден од најдобрите начини да ја зголемите моќта на вашиот мозок е читањето. Погледнете ги 7-те причини кои ќе ви покажат како читањето му помага на вашиот мозок.
1. Читањето ги проширува вашите знаења
Многу очигледна причина: Читањето го подобрува интелектот и го проширува знаењето. Ако сте заинтересирани за некоја тема, многу лесно можете да пронајдете книга за неа и да ја прочитате.
2. Читањето ја подобрува концентрацијата
Ова е многу важно бидејќи целата технологија што ја користиме ја намалува способноста за фокусирање. Следењето на некоја приказна бара концентрација, а ова може да подобри неколку области од вашиот живот како работата, училиштето, па дури и социјалните врски.
3. Читањето го збогатува вашиот речник
Се смета дека вокабуларот на една личност најмногу кажува за нејзината интелигенција. Читањето, наместо играњето на компјутер или гледањето телевизија, е одличен начин да го збогатите вашиот речник и да ги подобрите вашите вештини за комуницирање.
4. Читањето ја зголемува имагинацијата и креативноста
Бидејќи читањето ја подобрува менталната флексибилност, зголемените креативност и имагинација многу често се директен резултат.
5. Читањето ги проширува вашите погледи
Многу луѓе имаат ограничена перспектива за светот околу нив. Читањето ќе ви помогне да се соочите со други луѓе, култури, идеологии, религиозни и духовни верувања, политика и слично, без воопшто да мрднете од дома.
6. Читањето ја подобрува когнитивната способност и го намалува ризикот од болести на мозокот
Како што телото има потреба од физички вежби за да остане во форма, така и мозокот треба да се користи за да остане силен. Некои истражувања покажале дека луѓето кои редовно читаат не само што ги подобриле своите когнитивни способности, туку го намалиле и ризикот од болести како Алцхајмеровата болест и деменцијата.
7. Читањето го подобрува критичното размислување
Читањето е одличен начин да ја подобрите вашата способност за анализирање и проценување. Доброто критично размислување може да ви помогне да донесувате подобри одлуки, а со тоа и да ја подобрите вашата иднина.
Погледнете ги и овие научно докажани факти кои покажуваат дека читањето го подобрува вашиот живот.