Речиси секој се плаши од големата 30-ка, бидејќи овој број звучи премногу „возрасно“. Ова значи дека веќе не сте во фазата на забавување и донесување лоши одлуки. Конечно знаете кој сте, што посакувате и кои се вашите цели во животот. Подготвени сте да станете успешни, среќни па дури и да основате семејство. Погледнете неколку работи кои е добро да ги знаете пред да наполните 30 години.rnrn
rn
1. Животот без цел е бесмислен
rnАко не се движите кон нешто, тогаш вие живеете без насока. Целите помагаат да сфатите што е важно, а што не е. Кога ќе погледнете назад, ќе сфатите дека најсреќните моменти се кога сте биле фокусирани на сегашноста работејќи на нешто поголемо од вас.rn
2. Не е важно што мислат другите за вас
rnСигурно многу луѓе можат да се пронајдат овде. Кога ќе ѝ се доближете на 30-ката, ќе сфатите колку смешни биле тие грижи. Зависноста од мислењето на другите навистина не е здрава. Во моментот кога луѓето ќе престанат да кажуваат добри работи за вас, вие ќе се чувствувате лошо. Ваша е одговорноста да ги изградите вашите вредност и признанија.rn
3. Немате многу контрола
rnМногу луѓе се справуваат со анксиозност поради обидот да контролираат сè во нивниот живот. Но, вистината е дека баш и немате многу контрола. Размислете за вашето тело – вашата коса расте сама, вашето срце чука само. Ако сте човек, важно е да прифатите дека немате целосна контрола во животот. Кога ќе го направите ова, ќе имате повеќе енергија да се фокусирате на работите кои можете да ги контролирате.rn
4. Неуспехот е патот до успехот
rnНикој нема живот полн само со успеси. Неизбежно е да искусите некој пораз, освен ако не ги преземате потребните ризици. Да, секој од нас се обидува да го избегне неуспехот бидејќи тој прави да се чувствуваме лошо. Но искрено, неуспехот може да нè научи на најдобрите лекции во животот. Па, кога ќе наполните 30 важно е да не сте плашите од неуспехот, бидејќи тој ви е отскочна даска кон самиот успех.rn
5. Личноста не е дефинирана со она што го поседува
rnСкапи автомобили, брендирани чанти, луксузна облека – можеби сето ова изгледа примамливо кога сте млади, но тоа не ѝ додава вредност на вашата личност. Време е да престанете да се фокусирате на материјалните добра и да почнете да создавате искуства и врски кои ќе ви значат.rn
6. Размислувањето и правењето не се исти
rnСекој од нас сонува додека е млад. Но, ако не преземете нешто, вашите соништа никогаш нема да се остварат. Успехот нема да дојде и да ве побара, ваша одговорност е да почнете да се движите кон него. Престанете да го чекате совршениот момент, и почнете го патувањето.rn
7. Промената е единственото нешто на кое можете да се потпрете
rnПромената е единственото постојано нешто во универзумот. Без разлика колку се обидувате, нема да можете да ги спречите промените. Погледнете, уште малку ќе имате 30 години! Подобро е да ги држите добрите моменти додека можете и да прифатите дека животот продолжува.rn
8. Секој што го знаете, некогаш ќе умре
rnКога сме млади, не го цениме овој факт, мислиме дека постарите ќе живеат вечно. Не е така. Ако го заборавате овој факт, нема да им го обрнете потребното внимание на вашите врски.rn
9. Грижењето е бескорисно
rnГрижата се создава во умот и не нуди никаква вредност во животот. Таа нема да смени ништо и затоа е трошење на време. Овој цитат од еден будистички учител кажува многу:rn
„Грижењето не постигнува ништо. Дури и ако се грижите 20 пати повеќе, ситуацијата нема да се промени. Всушност, вашата анксиозност само ќе се влоши. Иако работите не се како што сакаме, треба да останеме смирени и да направиме сè што можеме. Ако не знаеме како да дишеме, како да се смееме и како да живееме во секој момент од нашиот живот, никогаш нема да можеме да им помогнеме на другите. Јас сум среќен во сегашниот момент. Не барам ништо повеќе. Не очекувам дополнителна среќа или услови кои ќе донесат поголема среќа.“
rn
10. Коренот на страдањето е следење на привремени чувства
rnВо 20-тите многу од нас ги посакуваат чувствата кои мислиме дека се среќа. Мислиме дека среќата е возбуда, радост, еуфорија… но овие чувства е привремени. Постојаното бркање на овие чувства се претвора во страдање, бидејќи тие никогаш не траат долго. Вистинската среќа доаѓа од внатрешниот мир – прифатете го она што го имате и личноста која што сте.rnrnПрочитајте ги и овие вистини за животот кои ќе ве мотивираат.
