Емоционалната исцрпеност не е шега и може да се маскира во различни видови стрес. Време е да препознаете кога сте на работ на вашата издржливот и како да го прифатите тоа што ви се случува. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека сте емоционално исцрпени.rnrn
rn
1. Секојдневните емоции ве изморуваат, дури и малите
rnКога ќе дојдете до моментот кога секое мало негативно чувство се заканува дека ќе ве обесхрабри во блиска иднина, тоа не е знак дека не сте издржливи, туку дека сте емоционално преоптоварени.rnrnАко чувствувате дури и некоја мала непријатност, тоа е резултат на некој проблем што е присутен долго време. Не треба да го поправате тоа што е погрешно на површината. Треба да пронајдете храброст да видите што има под неа.rn
2. Вие сте премногу чувствителни
rnВашата чувствителност не значи дека вие едноставно бурно реагирате, туку дека сте свесни дека сте во право и не можете да се справите со уште еден неуспех.rnrnНаместо да ја користите вашата енергија за да се обидете да контролирате сè што е околу вас, прво треба да ја искористите за да откриете зошто сте толку си исцрпени. Можеби имате некои важни потреби што продолжувате да ги игнорирате.rn
3. Се чувствувате безнадежно
rnДруг клучен знак дека сте емоционално исцрпени е тоа што ги гледате работите преку перспективата „сè или ништо“. Тоа е така затоа што мислите дека секоја ситница е клучна за вас, но не е така.rnrnКога се чувствувате безнадежно, тоа не е затоа што вашата иднина е потемна. Тоа е начин да ги признаете емоциите кои се присутни во вас, како и интензитетот, сериозноста и времетраењето.rn
4. Се мачите да пронајдете волја да продолжите напред
rnОсвен што се чувствувате безнадежно, за вас претставува предизвик да продолжите напред со вашиот живот.rnrnТоа е веројатно така затоа што се обидувате да одговорите на некои прашања за кои сè уште немате јасни одговори.rnrnОдвојте време за себе и запрашајте се што ви треба и како да ги задоволите вашите потреби. Бидете искрени кон себе, размислете што ве мачи и почнете да ги решавате проблемите.rn
5. Се плашите од провокации
rnТоа е така затоа што не можете да ги контролирате вашите чувства.rnrnПроблемот не е во тоа што не можете да ги контролирате вашите реакции, туку во тоа што се оддалечувате од сè затоа што не можете да ги контролирате мислите и постапките на луѓето околу вас.rn
6. Или премногу ги изразувате вашите чувства или ги криете
rnВие имате екстремни одговори: или плачете на секој час во текот на денот или воопшто не плачете.rnrnМора да научите како да ги обработите емоциите во соодветно време. Тоа значи дека треба да признаете како се чувствувате за некои работи и како соодветно да одговорите на тоа. Исто така, тоа значи да создадете соодветно место и време за да го искажете точно она што ви лежи на срце.rn
7. Подготвени сте за промена
rnИ покрај тоа што се чувствувате безнадежно, вие всушност сте подготвени за трансформација и сте свесни за тоа.rnrnДлабоко во себе знаете дека вашиот живот не се одвива како што сакате веќе некое време.rnrnЗа да се промените, прво мора да го прифатите фактот дека не постои само еден единствен проблем, туку повеќе проблеми што предизвикале да бидете таму каде што сте денес.rnrnВеќе не можете да ги негирате вашите чувства. Треба да се соочите со тоа што сте и да прифатите до каде сте стигнале. Вашиот нов живот ве чека на другата страна.rnrnОткријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашања.