Иако звучи дека една чаша маслиново масло е премногу за вашето тело, дефинитивно има придобивки од неговото консумирање. Всушност, маслиновото масло е многу корисно – можете дури да го користите и за чистење и мали поправки.rnrn
rnrnМногу лекари препорачуваат да користите здрави масти кога ја готвите вашата храна, како на пример, маслиново масло. А потем можете и да голтнете една лажичка од него. Па, што се случува кога ќе почнете да пиете маслиново масло?rn
Што всушност е маслиновото масло и зошто треба да го пиете?
rn
rnrnМаслиновото масло, како што си кажува името, се добива од маслинки. Плодот на маслинките се мели, а потоа се притиска и се цеди маслото. Постојат повеќе видови маслиново масло со различен квалитет. Најквалитетното е екстра девствено маслиново масло.rnrnСовет за купување: Квалитетното девствено маслиново масло секогаш се продава во темно шише, а датата на производство треба да е скорешна. rn
1. Добро е за мозокот
rn
rnrnМаслиновото масло е одлично за вашиот мозок бидејќи е полно со здрави масти. Липидите во маслото помагаат при одржувањето на нервните патишта во вашиот мозок, а ова им овозможува на мозочните импулси да се движат поефикасно.rnrnНа кратко: Маслиновото масло ќе ви помогне да размислувате побрзо.rn
2. Му помага на вашето срце
rn
rnrnМаслиновото масло е суперхрана за вашето срце. Нашето тело има потреба од масти, но многу често ги добиваме од погрешни извори. Премногу црвено месо, пржена храна и сирење можат да ги блокираат вашите артерии. Од друга страна, мастите што ги добиваме од маслиновото масло го подобруваат здравјето на срцето и ги одзатнуваат артериите – ако го комбинирате со вистинската храна.rnrnКога го комбинирате маслиновото масло со зелен лиснат зеленчук, вие создавате нитро масни киселини кои ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат крвниот притисок.rn
3. Ја подобрува работата на цревата
rn
rnrnНе треба да ве изненади фактот дека маслиновото масло е одлично за вашиот дигестивен систем. Ако сте склони кон констипација, една лажичка маслиново масло секој ден ќе направи огромна разлика. Секако, треба да пиете и многу вода.rnrnМаслиновото масло ги „подмачкува“ цревата, па отпадот се движи полесно низ нив. Но, немојте да консумирате повеќе од една лажица бидејќи постои ризик од дијареја.rnrnПродолжува на следната страница…rn
