Годините се само број и никој не треба да дозволува годината во која се родени да ги дефинира како личност. Сепак, како што старееме нашето тело се менува – тоа е нешто што едноставно се случува. Еве неколку промени кои се случуваат во телото кога ќе стигнеме до 30…
rn
Забавен метаболизам
rnДали некогаш сте се запрашале зошто како тинејџер сте можеле да изедете три порции тестенини и да не се здебелите? Одговорот е затоа што вашиот метаболизам се забавува за околу 2% со секоја измината деценија од вашиот живот. Бидејќи вашето тело произведува сè помалку од хормонот за растење, кога ќе наполните 30 вашите мускули се намалуваат и здебелувањето е многу полесно.
Здебелувањето во 30-тите години исто така е предизвикано и од работното место кое бара многу седење. На овој начин се намалува бројот на согорените калории, а бројот на согорени калории секоја деценија се намалува за околу 150.
Други животни фактори кои предизвикуваат стрес, можат да бидат причина за ослободување на хормони кои го зголемуваат складирањето на мастите.rn
Намалено либидо кај мажите, а зголемено кај жените
rnТриесеттите години може да доведат до намалување на нагонот за секс кај мажите поради пониското ниво на тестостерон. Ова повеќе зависи од нивото на стрес отколку од стареењето. Либидото на мажите се намалува за околу 1% секоја година. Од друга страна, нагонот за секс се зголемува кај жените. Според едно истражување, жените помеѓу 27 и 45 имаат многу поголемо либидо за разлика од девојките во 20-тите.rn
Намалување на плодноста
rnПлодноста кај жените почнува да се намалува околу 30-тата година. Истото се случува и кај мажите, подвижноста на сперматозоидите се намалува, па на двојките им станува потешко да зачнат.rn
Не е сè толку лошо, всушност можно е да сте посреќни!
rnОколу 30-тата година карактерот на луѓето е целосно изграден и тие се чувствуваат поудобно во својата кожа. Мозокот сè уште е во развој во текот на 20-тите, па поради ова луѓето се многу посреќни откако ќе наполнат 30.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашите 30-ти ќе бидат одлични!

