КАФЕ ПАУЗА

10 тајни места што се скриени пред вашите очи

Само што ќе помислиме дека знаеме сè за познатите знаменитости во светот, благодарение не Интернетот дознаваме дека не е така. Погледнете некои од тајните кои ги кријат најпознатите туристички атракции.rn

1. Приватниот апартман на Густав Ајфел, Париз, Франција

rn(1)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnНа третиот кат од Ајфеловата кула се наоѓа еден апартман кој му припаѓал на Густав Ајфел. Овде тој се среќавал со некои важни гости, вклучувајќи го и Томас Едисон. Денес во оваа просторија има кукли од Ајфел и Едисон и е отворена за јавноста.rn

2. Празната зграда на Тајмс Сквер, Њујорк, САД

rn(2)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnИ покрај тоа што им носи годишна заработка од 23 милиони на сопствениците, познатата зграда на Тајмс Сквер е празна. Компанијата што ја поседувала зградата банкротирала во 1992 година, и потоа била продадена на компанија за реклами. Оттогаш таа е само огромен билборд со екрани.rn

3. Станицата на Градското собрание, Њујорк, САД

rn(3)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnОваа станица во подземната железница на Њујорк била во функција од 1904 до 1945 година. Потоа била затворена бидејќи долгите вагони на новите возови правеле многу остри свртувања во тунелот. Станицата можете да ја посетите ако не се симнете на крајот на линијата број 6. Таа ја користи оваа станица за да се врати назад.rn

4. Тајната просторија на Маунт Рашмор, САД

rn(4)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПокрај скулптурата со претседателите, Маунт Рашмор има тајна соба во која се чуваат најважните документи на САД, вклучувајќи ја и Декларацијата за независност.rn

5. Затвор во палатата Доџ, Венеција, Италија

rn(5)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПод венецијанската палата Доџ постои затвор во кој престојувал познатиот Џакомо Казанова. Низ 400-годишната историја на затворот, Казанова бил единствениот затвореник кој успеал да избега. Постоењето на овој затвор обично им е познато на многумина, но неговата посета не е вклучена во турата низ палатата.rn

6. Тунелите под Лас Вегас, САД

rn(6)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПод главната улица во Лас Вегас се протега огромна мрежа на тунели кои се дом на стотици бездомници. Овде владее целосна темница, но штом ќе ја вклучите светилката можете да ги забележите многуте знаци на човечко присуство: покуќнина, облека и разни секојдневни предмети.rn

7. 103-от кат на Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк, САД

rn(7)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСекој знае дека има платформа за набљудување на 102-от кат, но можете да уживате и во погледот од 103-от. Овде се наоѓа мала соба со балкон. Сепак, овој кат е отворен само за вработените и за ВИП личности.rn

8. Тоалетот на кардиналот Бибиена, Ватикан

rnStufetta del Cardinale Bibbiena (Bathroom of Cardinal Bibbiena).rnrnТоалет декориран од Рафаело Санти во 1516 година е дел од апартманите на кардиналот Бибиена. Она што е необично за овој тоалет е тоа што фреските се далеку од пристојни. Влезот на овој тоалет е во поранешната спална соба на кардиналот каде што денешниот Папа одржува средби со светските лидери.rn

9. Тајни апартмани во замокот на Пепелашка, Дизниленд, САД

rn(9)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСобата изгледа како апартман од некој многу скап хотел, но не можете да ја изнајмите дури и ако ги имате сите пари на светот. Но, можете да ја освоите престој во оваа соба – секој ден, во јануари, Дизниленд организира лотарија за собата.rn

10. Платформа за набљудување во факелот на Статуата на слободата, Њујорк, САД

rn(10)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСè до 1916 година имало скали кои воделе до оваа платформа. Но во таа година факелот бил оштетен од експлозија, па на туристите им бил забранет пристапот. Оваа забрана важи и денес, иако факелот бил заменет со нов во 1986 година.rnrnПогледнете ги и 10-те места кои не можете да ги видите на Google Maps.