Дури и ако имаат неколку докторати зад себе, Девиците се неодоливо слатки во љубовта
За пребирливите Девици, љубовта може да биде предизвик, особено ако се вклучени и високи стандарди. Како најголемиот перфекционист во зодијакот, ретко кој ги поседува потребните критериуми за да ги задоволи потребите на Девицата. Таа попрво би била сама отколку да прифати нешто помалку од тоа што смета дека го заслужува – што мора да признаете дека е одличен став, сè додека очекувањата се реалистични.
Кога очекувањата се поставени правилно, процесот на отфрлање на сите оние некомпатибилни партнери оди многу брзо и лесно. Сепак често се случува и никому да не дадат шанса – доволна е само една грешка за тие целосно да се оттргнат и од личноста што прво ја дефинирале како соодветна за нив. Со оглед на тоа што првите состаноци се преполни со нервозни моменти, Девиците мора да научат да бидат потрпеливи и да им дадат на луѓето вистинска шанса доколку сакаат да си ги зголемат можностите за пронаоѓање вистинска љубов.
Аналитичните Девици имаат уникатна способност да ги „мерат“ луѓето, мижуркајќи ги очите за да го проценат суштеството пред нив. Тие не мислат зло, едноставно се обидуваат да ги забележат дури и најмалите и најскриените детали. Иако е со добра намера, често знае да биде застрашувачки за личноста од другата страна, бидејќи тој или таа се чувствуваат како да се под микроскоп.
Без разлика на тоа колку се силни на зборови и дела, тие сепак имаат одредена детска невиност во себе. Дури и ако изгледаат силно или се однесуваат диво, кога станува збор за романса, Девиците знаат да бидат многу старомодни. Тие сакаат да ја одиграат целата фантазија – од романтичното запознавање, до силното будење на страстите. Дури и ако имаат своја лабораторија или неколку докторати, кога станува збор за романсата, тие се неодоливо слатки. Сепак, и покрај фантазиите, потенцијалниот партнер мора да помине низ долга и тешка проверка.
Понекогаш Девиците може да бидат интроверти, иако повеќето од нив се од оној тип луѓе што ненадејно ги издаваат вашите тајни, правејќи им на луѓето да им биде потешко да им се приближат. Но тоа не ги спречува постојано да се обидуваат, за да го задоволат романтичарот во себе. Сепак мора да внимаваат да не се заљубат во нечиј потенцијал, наместо во тоа што личноста пред нив навистина е.
Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце.