Што да направите кога позитивното размислување не ви помага?
Спротивно на генералното мислење дека позитивното размислување е најсигурниот пат до целта, најновите истражувања докажале нешто сосема поинакво. Имено, поминувањето премногу време во размислување за соништата и желбите може да ве одвлече од преземањето на конкретните активности што водат до остварувањето на целта. По долгогодишното истражување, психологот од Универзитетот во Њујорк, Габриел Отинген, вовела план од 4 чекори, познат како WOOP (Wish-желба, Outcome-резултат, Obstacles-пречки, Plan-план). Прочитајте за што станува збор…
Прв чекор
Најпрво треба да ја дефинирате вашата цел. Мислете на некоја конкретна желба. Што е она што навистина го сакате? Тоа може да биде некоја голема одлука како што е симнувањето на вишокот килограми, но може и да се работи за нешто сосема мало и едноставно што ќе можете да го применувате секојдневно. Не мора да станува збор за нешто големо. Најважно е навистина да го сакате тоа и да бидете реалистични.
Втор чекор
Тука ќе ви треба малку позитивно размислување. Имајќи ја на ум вашата цел, поставете си го следново прашање: „Доколку си ја остварам желбата, кој е најдобриот можен резултат?“. Овде најчесто се работи за некое чувство. Дефинирајте го резултатот и замислете го во вашата глава. Кога ќе ја создадете замислената слика од резултатот, навистина ќе почнете да ја остварувате целта.
Трет чекор
Многу луѓе застануваат на вториот чекор. Сонувањето и фантазирањето е навистина убаво чувство, но порано или подоцна ќе мора да се вратите во реалноста. Тогаш ќе треба да се запрашате што е она што ве спречува да ја остварите целта во реалноста. Најчесто станува збор за вашите емоции и лоши навики. Замислете ги и нив во вашата глава.
Четврти чекор
Кога ќе си ги замислите тие пречки во главата, ќе сфатите што треба да направите за да ги совладате. Послужете се со прашањето „Што ако?“.
Овој метод им помогнал на голем број луѓе во остварувањето на помалите и поголемите цели, во постигнувањето успех, решавањето на проблемите во врските, стекнувањето здрави навики, а посебно се покажал ефективен кога станува збор за подигнувањето на самодовербата. Обидете се и вие да ја примените оваа техника и дознајте дали ќе ви помогне да живеете онака како што отсекогаш сте посакувале.
Во продолжени, дознајте повеќе за моќта на позитивното размислување.