Најбрзиот психолошки тест што ќе ве разоткрие до срж

Најбрзиот психолошки тест што ќе ве разоткрие до срж

Следува најкраткиот психолошки текст што ги открива вашите основни карактеристики и особини. Немојте многу да размислувате, едноставно интуитивно откријте го одговорот на следново прашања со две точки:

Што повеќе сакате?

(1) najbrziot-psiholoshki-test-shto-kje-ve-razotkrie-do-srzh-www.kafepauza.mk

а) лубеница или диња

б) домат или краставица

Запомнете ги вашите одговори и пронајдете го нивното значење подолу…

Диња и краставица

(5) najbrziot-psiholoshki-test-shto-kje-ve-razotkrie-do-srzh-www.kafepauza.mk

Овој одговор е покарактеристичен за мажите отколку за жените. Мажите од овој тип се храбри и озбилни, ретко паѓаат под туѓо влијание и не се љубители на алкохолот. Меѓу нив се наоѓаат многу спортисти и љубители на патувањето. Жените од овој тип најчесто стануваат шефови, а во семејниот живот знаат да се однесуваат како деца – често се жалат, не умеат да управуваат со финансиите и не сакаат домашни обврски. Меѓутоа во нив мажите не само што наоѓаат љубов, туку и верен пријател, полн разбирање.

Лубеница и домат

(4) najbrziot-psiholoshki-test-shto-kje-ve-razotkrie-do-srzh-www.kafepauza.mk

Луѓето од оваа категорија се секогаш весели и активни. Тие се одликуваат со дарба за комуникација, а често можат да бидат и многу експлозивни, што понекогаш води до скандали. Мажите што го одбрале овој одговор се гурмани, а неретко знаат да бидат и мрзливи. Жените се емотивни, го сакаат домот и животните. Покрај нив сите се чувствуваат топло и пријатно. И двата пола го говорат тоа што го мислат, а искреноста е нивниот главен квалитет.

Лубеница и краставица

(2) najbrziot-psiholoshki-test-shto-kje-ve-razotkrie-do-srzh-www.kafepauza.mk

Луѓето од овој тип доживуваат чести ментални конфузии. Нивниот надворешен мир и воздржаноста ја крие внатрешната напнатост што постојано ја чувствуваат. За мажите од оваа категорија често се вели дека се смирени, но доволно моќни да срушат планина. Ако живеете со ваков маж, вие се чувствувате како да живеете над активен вулкан – никогаш не знаете што ќе ви донесе утрешнината. Жените од оваа категорија не прават од мравка слон – тие ги собираат навредите, чуваат сѐ во себе, сѐ додека еден ден не искршат сѐ околу себе. Често се случува овој бес да биде насочен кон својот сопруг. И двата пола со овој избор се многу креативни, интелигентни, иновативни и аналитични, па затоа и голем дел од нив стануваат научници.

Домат и диња

(3) najbrziot-psiholoshki-test-shto-kje-ve-razotkrie-do-srzh-www.kafepauza.mk

Ако ги одбравте токму овие два плода, вие сте урамнотежени, внимателни и мирни. Одржувате баланс во секој аспект од животот и сте многу чувствителни. Ги сакате убавите работи и имате одличен вкус. Жените од оваа категорија лесно се заљубуваат, а по природа се страсни и постојани. Тие се верни, нежни и грижливи, за разлика од мажите кои знаат да бидат малку нарцисоидни и егоистични.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар