Почнувајќи од денес, 11 мај, во метрополата започна Европското Кајакарско Првенство дисциплина спуст на диви води, за сениори. По тој повод вчера во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес конференција на која беа соопштени сите детали околу случувањето.rnrn
rnrnИмено во следните неколку дена, во главниот град ќе бидат присутни 176 натпреварувачи од 18 држави. Ќе се натпреваруваат на две патеки. Првата е онаа од мостот ООН во Влае до Градска плажа, и втората е традиционалната кајакарска патека на Матка.rnrn
rnrnМакедонската компанија Пелистерка, вторпат е силна поддршка на македонските кајакари. Спортот е област во која оваа компанија безрезервно вложува. Водата исцрпена од изворот Меџитлија, или обичната вода на Пелистерка и соковите кои се пак идеална комбинација од минерална негазирана вода и грижливо одбрани концентрирани овошни сокови, комбинација која помага во исхраната на клеточното ткиво, овој пат се производите со кои што Пелистерка ќе ги освежува кајакарите.rnrn
rnrnПрвенството кое што во овие неколку дена ќе се случува кај нас е важен настан за сите нас затоа што освен спортските квалитети, Македонија а особено Скопје, ќе имаат можност да се пофалат и со своите туристички можности и капацитети.rnrn
Викендов во Скопје Пелистерка ќе освежува кајакари од цел свет
