10 изненадувачки работи кои се кријат во Бакингемската палата
Иако туристите можат да влезат во Бакингемската палата и да прошетаат низ 19-те простории кои се отворени за јавноста, сепак овде се кријат многу простории кои се само за членовите од кралското семејство.
Во палатата има 775 соби, па не е ни чудо што ние можеме да видиме само дел од тоа. Низ годините, луѓе кои биле дел од послугата понекогаш знаеле да кажат по нешто интересно за внатрешноста на палатата. Погледнете некои од тие работи.
1. Тунели кои го поврзуваат кралското семејство со разни места низ градот
Веројатно постои подземен систем кој ја поврзува палатата со другите важни градби, како на пример Парламентот или пак, куќата Кларенс која била дом на принцот Чарлс и неговите синови.
2. „Опседната“ тераса
Тешко е да се избегнат гласините за духови на места кои се стари колку Бакингемската палата. Па секако, постојат приказни дека некои делови од палатата се опседнати од духови. Најпознат е духот на некој свештеник, за кој многу тврдат дека го имаат видено на предната тераса од палатата.
3. Одделните соби на Елизабета и на Филип
Не е реткост паровите да спијат во одделни соби, а изгледа кралското семејство не е поразлично. Според авторот на книгата „Игра на курни: Елизабета, Камила, Кејт и тронот“ (Game of Crowns: Elizabeth, Camilla, Kate and the Throne), проблемот кај овој кралски пар е тоа што Филип сакал да спие со отворени прозорци – дури и во зима.
4. Банкомат во подрумот
Кралицата побарала да се инсталира банкомат во палатата за да им помогне на луѓето од послугата кои не можеле да најдат време да ги платат своите сметки, или пак да извадат пари.
5. Складови со вино стари неколку векови
Складовите со вино, кои датираат од 1703 година, се најстариот дел од палатата. Тие всушност постојат 100 години пред кралското семејство да се всели во палатата. Кралицата Викторија, во 1837 година го направила Лондон престолнина на британската монархија.
Продолжува на следната страница…