Им јадеме од раце: 5 трикови со кои трговците нѐ наговоруваат да купиме повеќе од планираното

Сподели

Скоро секој девојка која сака шопинг живее во дебела заблуда, бидејќи вистински кралеви на шопингот се трговците кои со проверени трикови нѐ наговоруваат да купиме сѐ што не сме знаеле дека ни е потребно, а сега очајнички ни е потребно. Ова се најчестите трикови на кои ќе „паднат“ голем број жени.

Реклама

rn

1. Бесплатни артикли со купувањето

rnОва е згоден, но прилично евтин трк на кој паѓаат голем број купувачи. Можеби нема ни да помислите на марамчиња за бришење очила за сонце, пешкир за тенис, силно црвени чорапи и уште еден балсам за усни можеби, но ако е БЕСПЛАТНО, ќе ве поттикне за купување на производот кој инаку можеби ви е прескап.rn

2. Понуда 1+1

rnКупете еден производ и ќе добиете уште еден потполно бесплатно! Веројатно не ви паднало на памет да го купите ниту првиот, но сега ќе добиете два, а на касата најверојатно ќе ве разочара информацијата дека понудата важи само на ограничен асортиман или дека плаќате поскап производ.rn

3. Распродажба која кратко трае

rn„Голема распродажба, трае само еден ден!“ Пораката стигнува од вашата омилена парфимерија или бутик и вие брзате да ги претркате другите жени за да ги купите работите кои воопшто не сте ни имале намера да ги купите. Па, распродажба е, би било штета да ја пропуштите.rn

4. Последни броеви

rnДали тоа навистина се последните броеви или само уште еден згоден трик?rn

5. „Ќе ви го дадам мојот попуст“

rnМожеби продавачката е само страшно љубезна (и непрофесионална), а можеби нејзиниот шеф ѝ рекол дека на овој начин полесно ќе продаде нешто кое и онака е на попуст.

Популарно

Може ќе ве интересира