11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Ја делиме планетата со необични и прекрасни суштества, но сте се запрашале ли колку добро ги познаваме? Следниве 11 интересни факти за животните ширум светот ќе ве изненадат толку многу што нема да ви се верува дека се вистинити! Во продолжение прочитајте за што станува збор…

1. Козите имаат акценти

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Истражувањата покажале дека исто како и луѓето, вокалните нагласувања на козите можат да се менуваат во зависност од околината и времето поминато со други кози.

2. Волците наоѓаат партнер за цел живот

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Глутница волци најчесто се состои од алфа мажјак, женка и нивно дете. Постарите волци честопати помагаат во грижата на помладите.

3. Постои вид медуза која е бесмртна

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Ова подводно суштество може да ги копира ткивата на неговото тело со помош на коренот од клетките и на тој начин да се реинкарнира.

4. Пингвините ги запросуваат партнерките

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Пингвините исто така наоѓаат партнери за цел живот. Кога мажјакот ќе си одбере партнерка, тој ѝ подарува камче на женката како симбол на неговата љубов.

5. Слоновите покажуваат неверојатни социјални вештини

11 фасцинантни факти за животните кои нема да ви се верува дека се вистинити

Слоновите можат да се смеат и да плачат. Тие одржуваат церемонии за да му посакаат добредојде на некој член од семејството кого го немало подолго време, како и „погреби“ за членовите кои починале.

Продолжете на следната страница за останатите необични факти…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар