8 грешки кои ги прават жените за време на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен дел од животот на жената кој се појавува во годините кога таа почнува да созрева, и трае до средината на животот. Жените се справуваат со него сосема во ред, но има жени кои не знаат што треба, а што не треба да прават за време на нивниот циклус. Погледнете ги 8-те најголеми грешки кои жените ги прават во овој период од месецот.
1. Држење диети
Многу жени се чувствуваат подуено кога го добиваат нивниот циклус, па тие почнуваат со ригорозни диети околу овој период. Во тие денови на вашето тело му се потребни повеќе витамини и минерали за енергија, па затоа држењето диети не е добра идеја.
2. Брза храна
Од друга страна пак, некои жени имаат потреба од благо, солено или од двете. Оваа храна е преполна со натриум, па затоа избегнувајте ја. Брзата храна само ќе ви ја влоши подуеноста.
3. Не користат заштита кога имаат сексуален однос
Ова е една од најлошите грешки. Во овој период од месецот вашата вагина е многу поподложна на бактерии, па затоа не заборавајте ја заштитата.
4. Неправилно спиење
На жените им е потребно повеќе спиење во овој период, но многу често тие не се одмараат доволно. Потрудете се да се наспиете барем 8 часа во текот на ноќта.
5. Претерано работење
Некои жени искусуваат наплив на енергија за време на нивниот циклус. Важно е да одржувате рамнотежа помеѓу работата, вежбањето и одморот.
6. Претерано вежбање
Некои жени се обидуваат да вежбаат повеќе за време на циклусот. Многу е важно да ја направите вашата рутина за вежбање според вашиот менструален циклус.
7. Не внимаваат на внесувањето железо
За време на циклусот вие губите железо. Важно е да јадете храна богата со железо за да ја надополните оваа загуба.
8. Строги се кон себе
Овие денови носат многу променливи емоции – од среќа до тага, па и енергичност. Немојте да бидете строги кон себе во овој период. Оваа промена на емоции е природен дел од месечниот циклус. Само прифатете ги промените и продолжете натаму.
Прочитајте ги и овие совети за нега на кожата за време на менструалниот циклус.