5 начини да го поминете овој продолжен викенд како вистинска Италијанка

5 начини да го поминете овој продолжен викенд како вистинска Италијанка

Ако некој знае да ужива во животот, тогаш тоа се Италијанките! Но, тоа и не е толку чудно, бидејќи живеат во земјата која има прекрасно вино, највкусни пици и тестенини, кафе кои ги буди сите сетила, сладолед кој е познат во целиот свет, како и дел од најубавите дестинации во цела Европа. Италија е препознатлива по безгрижноста, слободата и живеењето на животот до максимум, па едно е сигурно – Италијанките инспирираат! Исто како нив, овој продолжен викенд обидете се да живеете и да уживате со сите сетила.

1-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinska-italijanka-www.kafepauza.mk_

1. Капучино + кроасани = љубов

Италијанките својот ден го започнуваат на најубавиот можен начин – со кафе и вкусна ужина. Нивниот појадок обично вклучува нежно капучино и слатки кроасани, па затоа уште рано наутро ќе се упатат во својата омилена кафетерија или пекара. Топлото кафе и слаткиот вкус на тестото автоматски ќе ве разбудат, ќе ви навлечат насмевка на лицето и ќе ве подготват за прекрасниот и возбудлив ден кој е пред вас.

2. Кеј + сладолед = добра забава

Секако дека во вашата италијанска авантура нема да се упатите сами. Повикајте ја вашата најдобра другарка, заобиколете го градскиот превоз и ужасната гужва, седнете во својот автомобил и упатете се кон кејот. Паркирајте се на некоја чистина, отворете ги сите врати и прозорци, вклучете ја омилената песна и направете сами своја забава. Летните хитови се задолжителни! Иако не се наоѓате во Рим за да го јадете нивниот совршен сладолед со сите вкусови, секако дека можете да пронајдете соодветна замена во нашите слаткарници. Освен сладоледот, задолжителни се и сламените шешири и очилата за сонце. Опуштете се и бидете странци во сопствениот град. Секако, предвид доаѓа и некоја лесна прошетка.

3. Тестенини + бело вино = уживање за сите сетила

Време е за ручек! Во италијански дух, ручекот може да биде тестенини или морски плодови, залиени со бело вино. Ништо друго не доаѓа предвид. Типичните италијански специјалитети се вистинско уживање за сите сетила, а не само што ќе уживате во мирисот и вкусот, туку ќе можете да осмислите и одлична фотографија за Инстаграм. Кој уште може да им одолее на италијанските вибрации?

2-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinsk-italijanka-www.kafepauza.mk_

4. Возење по градот + радио = странец на домашен терен

Време е да се вратите во автомобилот и да ја започнете вашата тура низ градот. Признајте, колку пати досега сте поминале неколку ултра познати дестинации во вашиот град и не сте застанале, бидејќи сте биле таму толку многу пати? Што ново можете да видите? Овој викенд сменете го тој став и преправајте се дека сте турист во сопствениот град за да го истражите секое скриено место, секоја скриена уличка, занаетчиска работилница, клупа, споменик… Замислите дека сте во Рим и замислете го тоа чувство на воодушевување кога ќе откриете некоја нова знаменитост. Применете го тоа на вашиот град и ќе започнете да го гледате со други очи. А кога ќе завршите со еден дел од градот, вратете се во автомобилот, погледнете на картата од вашиот град и упатете се на следната дестинација.

5. Пица + омилената ноќна дискотека = вечер за паметење

Од толку истражување сигурно ќе огладнете. Затоа е време со вашата другарка да се почестите со најдобрата пица во градот, а додека уживате во ова совршенство, осмислите план за вечерта. Италијанките никогаш не пропуштаат добра забава, па затоа вашата омилена ноќна дискотека е логичен завршеток на овој возбудлив ден. А кога ќе ја повратите силата со овој славен италијански специјалитет, подготвени сте да играте до зори. Во која ноќна дискотека ќе се упатите?

3-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinska-italijanka-www.kafepauza.mk_

Прочитајте ги и овие животни лекции што можете да ги научите од Италијанките!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар