КАФЕ ПАУЗА

Вежбајте дома: Брзо и едноставно затегнување на мускулите на нозете

За овие вежби ви се потребни само малку време и трпение и многу брзо ќе имате затегнати мускули на нозете без да треба да одите во теретана. Со следниве 3 вежби можете многу брзо и едноставно да ги затегнете вашите мускули на нозете и доколку ги комбинирате со редовни прошетки, брзо одење и возење велосипед, за кратко време ќе забележите одлични резултати.rnrnВежбајте дома: Брзо и едноставно затегнување на мускулите на нозетеrn

1. Истегнување на нозете

rnЗа оваа вежба потребно е да го исправите грбот, да го затегнете стомакот и да ги ставите дланките зад главата. Потоа качете се со едната нога на степер (или скала), а другата подигнете ја странично колку што можете. Повторете 15 до 20 пати, а потоа сменете ја ногата.rn

2. Половични клекнувања

rnПоставете ги двете стапала во иста линија и испружете ги рацете пред телото, спуштајќи ги колената надолу. Внимавајте колената и бедрата да ви бидат паралелни со подот. Оваа вежба повторувајте ја 3 минути.rn

3. Скок, па клекнување

rnЗастанете покрај степер (или скала) и благо раширете ги нозете. Потоа скокнете врз него и свиткајте ги нозете за да застанете во клекната положба. Вратете се назад. Повторувајте ја вежбата од 10 до 15 пати, притоа внимавајќи вашите нозе да бидат во иста ширина како колковите. По првата серија од оваа вежба, одморете се неколку минути и потоа повторете уште 15 пати.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.